1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Постигнато повеќе од сонуваното

Репрезентацијата на Чешка е нов светски првак во хокеј на мраз. Во финалето, кое синоќа (23.05.10) се играше во Келн, Чесите ја поразија фаворизираната селекција на Русија со 2:1. Германците за малку не стигнаа до медал.

default

Чешка е најдобра

Во борбата за третото место, Шведска ја совлада Германија со 3:1. Доколку победеа Германците ќе го освоеја првиот медал на светските првенства во хокеј на мраз по пауза од повеќе од 50 години.

Но и покрај поразот во „малото финале“, немаше место за тага во редовите на германскиот тим. Околу 15 илјади навивачи во Арената во Келн, поразот од Шведска го прославија како да се освоено првото место на првенството.

„Направивме сензација на ова Светско првенство, иако сакавме да си заминеме и со трофеј. Но, за жал тоа не се случи. Сепак, големи комплименти за тимот. Одигравме фантастичен турнир“, изјави напаѓачот на Германците, Кристоф Улман.

Недостасуваа сила и среќа за да се стигне до бронзата, заклучи по мечот селекторот Уве Круп.

„Ни‘ недостасуваше свежина и енергија за да го совладаме и овој ривал. Но, бевме блиску“, рече Круп. Во саботата неговиот тим загуби во полуфиналето од фаворитот Русија во неизвесен меч со 2:1.

Eishockey WM 2010 Deutschland Slowakei Flash

Извонреден резултат на германскиот тим, одушевени навивачи

Навивачите повеќе од задоволни

Повеќе од 560 гледачи ги проследија 56-те натпревари на мундијалот во Келн. За малку не беше постигнат и нов рекорд во гледаност на светските првенства во хокеј.

Домашните навивачи беа повеќе од задоволни.

„Да ми кажеше некој пред почетокот на првенството дека ќе играме во мечот за трето место, ќе му кажев дека се шегува. Затоа мораме да бидеме задоволни“, вели еден навивач.

Освоеното четврто место е најдобриот пласман на една германска селекција на првенствата уште од далечната 1953 година.

Автор: Штефан Нестлер/Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска