1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Постигната согласност во повеќе прашања

Преставниците на Белград и Приштина во Виена ја завршија првата рунда дирекни преговори

Од средбата во Виена

Од средбата во Виена

Преставниците на Белград и Приштина постигнале согласност околу повеќе прашања, изјави заменик специјалниот преставник на ОН за статусот на покраината Алберт Роан кој изрази задоволство од дводневите разговори во Виена.

„Состанокот изминативе два дена беше воден во силен дух на соработка, двете страни оставија впечаток декс а се подготвени за натамошна соработка со нас за решавањето на отворените прашања„ рече Роан и додаде:

„ Ние ќе ја поддржиме децентрализацијата колку што е можно повеќе. Се разбира нема да ги поддржиме системите на кои нем ада функционираат нема да можат ад се финансираат и кои би воделе до поделба на Косово„

Алберт Роан најави дека двете страни ќе ги продолжат разговорите на 17 март во Виена. Теми на разговор ќе бидат финансирањето на општините, соработката на локално ниво и врската на српските општинаи со Белград. Во меѓувреме експерти на ОН ќе ги посетат Белград и Приштина.