1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поставена бистата на Скендер бег во Скопје

Свечено и масовно беше поставена бистата на Скендер бег во македонската метропола,иако на свечената академија претставен како симбол на меѓусебното разбирање на балканските народи,Скендер бег не успеа да ги собере сите политички партии на едно место.

Пред голем број луѓе,по свечената академија во МНТ бронзениот споменик висок 5,5 метри беше откриен на платоот пред Трговскиот центар Мавровка.

Свеченоста почна со интонирање на албанската химна,заврши со рафални стрелби.Насобраните луѓе пееја албански народни песни.

На бистата Скендер бег или Ѓерѓ Кастриот е качен на коњ,со меч в рака,натписот на споменикот е само на албански јазик.За народот што го прославуваше поставувањето на споменикот,Скендер бег е најголемиот албански херој.

На луѓето им се обрати лидерот на ДУИ,Али Ахмети,истакнувајќи ги своите сопартијци како борци за албанските права,особено градоначалникот на општина Чаир,Изет Меџити за специјални заслуги во војната во 2001 година.

-Скендер бег со своето дело не им оддаде почит само на Албанците,туку и на другите албански народи и на европските вредности,рече Ахмети.

На настанот по повод денот на албанското знаме имаше гости од Косово и од Албанија,но не и високи политичари,кои беа најавени.Чеку од Приштина го испратил својот советник,исто како и албанскиот претседател Мојсиу од Тирана.Македонскиот премиер Груевски беше поканет акко граѓанин,но не се појави .Свечената академија ја следеа и странските дипломати во државата.Германскиот амбасадор во Македонија Ралф Брет дојде и на откривањето на споменикот:

-Да и се оддаде почит на историска фигура.“

На свеченоста не дојдоа претстваниците на верските заедници,ниту од Исламската верска заедница,не објаснија дали причината е тоа што Скнедер бег познат во историјата и како коњаник на христијанството,во своето време се борел против муслиманите.