1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Последното патување на Нелсон Мандела

Телото на починатиот екс-јужноафрикански претседател Нелсон Мандела денеска е пренесено во неговото родно село Куну, каде утре ќе биде одржан погребот.

Посмртните останки на борецот против апартхејдот со авион се пренесени до главниот град на Транскеи, Мтата, од каде понатаму беа транспортирани во родното село Куну, каде утре ќе биде извршен погребот. На погребната манифестација предвидено е учеството на околу пет илјади гости, а таа ќе биде пренесувана во живо на телевизија. Потоа Мандела ќе биде погребан во кругот на најтесното семејство на семејниот гроб во Куну, каде веќе почиваат телата на неговите родители и неговите деца. Камерите ќе бидат исклучени при фактичкиот погреб.

Односот на владејачкиот Африкански Национален Конгрес кон поранешниот надбискуп и Нобеловец за мир Дезмонд Туту фрла сенка врз церемониите. Туту изјави дека не се чувствува поканет на погребот. На комеморацијата во чест на Мандела во Совето кај Јоханесбург, на која пред неколку дена присуствуваа бројни државници од цел свет, Туту на бината беше изведен на крајот, кога голем дел од присутните се имаа разотидено од стадионот.

„Доколку јас или моето биро бевме информирани дека би бил добредојден, по никоја цена не би го пропуштил погребот“, изјави Туту.

Кабинетот на јужноафриканскиот претседател напротув тврду дека Туту е на листата на поканетите.

Соработник на Туту не сакаше да ги коментира шпекулациите - наводно Туту бил исклучен од церемонијата од страна на АНЦ поради изречените критики на сметка на претседателот Џејкоб Зума и владејачката партија.

Мандела почина минатиот четврток по долга болест на возраст од 95 години. Минатите денови од првиот јужноафрикански претседател со црна боја на кожата пред неговиот отворен ковчег се простија над 100 илјади негови сонародници во Преторија.