1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Последни предизборни митинзи во Франција

Привршува предизборната кампања за претседателските избори во Франција кои треба да се одржат во недела на 22 април. Кандидатите вчера ги одржаа последните митнзи на кои вниманието го насочија кон неодлучите избирачи. Конзервативниот кандидат Никола Саркози, кој според анкетите има тесна предност пред останатите кандидати настапи пред околу 15 илјади приврзаници во Марсеј. Неговата противкандидатка од редовите на Социјалистите Сеголен Ројал , која според анкетите има добри шанси да се пробие во вториот круг од изборите закажан за 6-ти мај настапи во Тулуз.