1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Последни натпревари од квалификациите за СП-фудбал 2006

Македонија и’ гостува на Холандија. Домаќинот на шампионатот Германија во подготвителен натпревар ја пречекува Кина

Селекторот Клинсман со репрезентативците

Селекторот Клинсман со репрезентативците

Во фокусот на вниманието се средбите кои директно решаваат за пласманот: Франција - Кипар и Ирска – Швајцарија од четвртата група, Сан Марино – Шпанија и дуелот на Србија и Црна Гора со Босна и Херцеговина од 7-та, како и натпреварите Шведска – Исланд и Унгарија – Хрватска од 8-та група.

Македонија квалификациите ги завршува со настапот против најдобриот во првата група Холандија во Амстердам. „Желбата за добар резултат е потенцирана кај сите фудбалери. Добив впечаток дека сите посакуваат да се повтори резултатот од скопје, а и нешто повеќе“ -вели претседателот на македонската фудбалска федерација Харалампие Хаџиристески.

Германската репрезентација во Хамбург ја пречекува селекцијата на Кина. Се најавува поправање на впечатокот од поразот против Турција и повторно освојување на срцата на љубителите на фудбалот. „Ние во принцип имаме само еден лајтмотив: оптимирање на способностите, подобрување на нашите можности“ – вели селекторот Клинсман.

Зоран Јордановски