1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Последниот чин на Ангела Меркел

По повеќенеделни преговори конечно е формирана новата германска влада, со која повторно ќе раководи Ангела Меркел. Нејзиниот трет мандат нема да биде лесен, пред неа се големи предизвици

Канцеларката Ангела Меркел нема право да се жали за состојбата во земјата на почетокот на нејзиниот трет мандат: економските изгледи на земјата се далеку подобри од било која друга земја во ЕУ, а даночните приходи се прелеваат. Тоа значи дека новата влада, која ќе ја сочинуваат демохристијани и социјалдемократи, има пари за трошење, а потпишаниот коалициски договор делува како токму тоа да е планот. Сепак, доколку сака вистински да го одбележи нејзиниот трет и, веројатно, последен, мандат, Меркел ќе мора да потроши некоја милијарда повеќе.

Зигмар Габриел во улогата на Херкул

Најголемиот предизвик веројатно ќе биде енергетската транзиција. На ова поле се случи драматичен пресврт по катастрофата во Фукушима и одлуката на Меркел Германија да се ослободи од нуклеарната енергија до 2020 година. На нејзино место требаше да дојде обновливата енергија од ветер, сонце и вода, но проектот заглави. Шефот на СПД ја додаде и енергетската политика во описот на неговите работни задачи во министерството за економија. Тоа претставува голем потенцијал, но може да биде и ризично, смета аналитичарот Михаел Шпренг. „Тоа е секако херкулска задача за Габриел“, вели тој. Остануваат многу отворени прашања, на пример, дали цените на гасот и струјата ќе останат прифатливи? каква ќе биде улогата на јагленот во иднина? како да се прошири електричната мрежа брзо и квалитетно?

Како иден министер за труд, Андреа Налес ќе добие можност да го реализира главниот проект на социјалдемократите: воведувањето на минималната плата. Налес, која е генерален секретар на партијата, ќе биде во можност да подели и некои „подароци“: некои работници ќе можат да се пензионираат на 63-годишна возраст, а ќе бидат зголемени и пензиите за мајките на деца родени пред 1992 година. Шпренг вели дека ваквите мини-реформи се скапи и дека со себе носат ризици. „Едната слабост е што финансирањето на овие реформи е можно само додека економијата напредува“. Доколку тоа не се случува, ќе мора да се зголемуваат социјалните давачки и даноците, или земјата ќе треба повторно да се задолжува.

SPD Sigmar Gabriel und Andrea Nahles

Врвот на СПД во владата, Андреа Налес и Зигмар Габриел

Вие штедете, ние ќе трошиме

Владината великодушност може да претставува проблем во однос на политиката кон другите европски земји. Канцеларката се одлучи за континуитет во министерството за финансии, каде Волфганг Шојбле ќе продолжи со работа. Со оглед на тоа што е веќе 71. годишен и што не мора да се грижи за идни позиции, тоа веројатно ќе му овозможи поголема независност од било кој друг министер. Но Меркел би можела да се соочи со проблем: за неа ќе биде тешко да им наметнува мерки за штедење на земји од еврозоната како Шпанија, Португалија и Грција, а дома да се расфрлува со парите.

Поранешната министерка за труд, Урсула фон дер Лајен ќе биде првата жена министер за одбрана во историјата на Германија. Нејзината главна задача ќе биде да го организира повлекувањето на германските трупи од Авганистан во 2014 година. Ќе биде голем предизвик за неа да се реши проблемот со цивилните службеници во Авганистан кои работеле за германските трупи, а сега се под закана од талибанците. Речиси сите поднесоа барања за азил во Германија, и владата сега треба да реши за нивната иднина. Доколку фон дер Лајен успешно ги заврши домашните задачи многумина прогнозираат дека ќе биде најсериозен кандидат да ја наследи Меркел и во партијата и во владата.

Конкуренција за Меркел

Меркел е можеби неспорен партиски лидер, но според политичкиот аналитичар Фолкер Кроненберг, со самоуверен вицеканцелар како Габриел и засилена

Große Koalition Vertragsunterzeichnung Verteidigungsministerin von der Leyen und de Maiziere

Прва жена во одбраната: Урсула фон дер Лајен и нејзиниот претходник Томас де Мезие

Урсула фон дер Лајен, може да се соочи со проблеми во владата кои ги немаше за време на коалицирањето со ФДП. „Политиката е воглавно околу кризниот менаџмент. Таа покажа во минатото дека е подготвена за тоа“, вели Кроненберг.

Шпренг, пак, смета дека доколку Меркел повторно не се кандидира во 2017 година, нејзиното политичко досие ќе остане празно. Освен повлекувањето од нуклеарната енергија и се уште незалечената евро-криза, Меркел не постигна ништо позначајно.

„Нема ниту еден голем проект поврзан со нејзиното име. Сега има на располагање уште четири години за да си го вметне името во историските читанки“, вели Шпренг. Кроненберг не се согласува. „Да почекаме да видиме со какви предизвици ќе се соочи во следните четири години, па потоа да донесуваме заклучоци“.