1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Последниот лет кон вселената!?

По 30 години и 135 летови НАСА ја завршува програмата за вселенски летови. По врќањето од вселената, „Атлантис“ заминува во музеј. САД не планираат нова програма за вселенски летови.

default

„Атлантис“

Меѓународната вселенска станица ИСС за последен пат ќе ја посети американски вселенски брод. Четиричлениот екипаж на „Атлантис“ до станицата треба да транспортира опрема и потрошен материјал. Дванаесет дена подоцна мисијата ќе заврши, а по враќањето на земјата, вселенскиот брод „Атлантис“ ќе им се приклучи на вселенските бродови „Ендевиор“ и „Дискавери “ во музеј.

Atlantis / Space Shuttle / Cape Canaveral NO FLASH

„Атлантис“

Американците засега немаат нова програма за вселенски летови, затоа од работа ќе бидат отпуштени илјадници вработени во НАСА. Некои од соработниците меѓутоа се оптимисти, дека наскоро ќе биде најден начин, американските астронаути повторно да полетаат кон вселената со сопствени летала. Засега, најмалку до 2015 година САД ќе купуваат слободни места во руските „Сојуз ракети“.

Американскиот претседател Барак Обама во 2010 година драстично го намали буџетот на НАСА и со тоа завршија плановите за програмата „Констелејшн“. Таа предвидуваше повторни летови на НАСА кон Месечината, Марс и непознати пространства. Сега мотото гласи: НАСА бара патишта да продре подлабоко во вселената.

Шефот на НАСА Чарлс Болден е оптимист. На почетокот на месецов во Вашингтон

Nasa KSC Bulloch

Стивен Булох

порача дека Америка уште 50 години ќе биде водечка во веселенските летови. Претседателот и доделил налог на НАСА да се концентрира на „големи достигнувања“.

Стартната светилка 39 А во Кенеди Спејс центарот на Флорида, по одбројувањето за „Атлантис“, ќе биде згасната. 57 годишниот Стивен Булох е одговорен за текот на подготовките на рампата за лансирање на весленските бродови. Тој се грижи рампата постојано да биде подготвена за наредната ракета, кога и да е. НАСА, вели тој веќе има искуство на тоа поле. Во 70-те, кога заврши програмата „Аполо“, се велеше треба да се почека, се’ додека дојдоа спејс шатлите.

Автор: Кристина Бергман/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски