1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Последна шанса за фудбалските фанови

Полицијата и фудбалските клубови во Германија постигнаа договор да им застанат на патот на хулиганите и на употребата на пиротехниката на стадионите. Прекршителите ќе се соочат со забрани и до 10 години.

Полицијата и фудбалските авторитети одлучија да ги заострат казните за насилство на фудбалските стадиони со цел да им застанат на патот на хулиганите кои предизвикаа бројни, сериозни инциденти во текот на минатата сезона. Одлуката беше донесена на заедничката средба на претставниците на 54 професионални клубови, на сојузното и на покраинските министерства за внатрешни работи во Берлин.

„Одлучивме да ги заостриме казните за забрана за влез на стадионите од сегашните три на пет, па и на 10 години за најтешките случаи“, се наведува во заедничкото соопштение по средбата.

Минатата сезона се случија повеќе сериозни инциденти во кои беа вмешани фудбалските навивачи. Кон средината на мај, на крајот од мечот меѓу второлигашот Карлсруе и третолигашот Ратисбон дојде до жестоки судири во кои беа повредени 75 луѓе, меѓу нив и 18 полицајци.

„Ова е важен чекор во кој клубовите настапуваат заеднички. Мерките кои ги преземаме се неопходни и итни и со нив покажуваме дека си ги исполнуваме обврските и дека сме насочени кон подобрување на безбедноста“, изјави претседателот на германската фудбалска федерација (ДФБ) Волфганг Нирзбах.

Остануваат трибините за стоење

Deutschland Fußball Stadion in Karlsruhe Stadionverbot Flash-Galerie

На состанокот беше одлучено и во иднина да бидат дозволени трибини за стоење на стадионите, иако во најголемиот дел европски земји тие се одамна забранети. Претседателот на фудбалската лига, кој е и претседател на Борусија Дортмунд (клуб кој ја има најголемата навивачка трибина за стоење во Европа), Рајнхард Раубал оцени дека „трибините за стоење се интегрален дел од навивачката култура во Германија“.

Сепак, сојузниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих се закани дека доколку во претстојната сезона не дојде до намалување на насилствата, трибините за стоење ќе бидат забранети.

Во сила останува забраната за користење на пиротехнички средства на трибините, пред се’ петарди и бенгалки, а новина е што клубовите ќе имаат право да им забранат влез на цели навивачки групи доколку не ја почитуваат забраната.

Освен што ќе биде зголемена безбедноста во и околу стадионите, клубовите во иднина ќе преземат и поголем дел од трошоците за обезбедувањето кои досега ги сносеа локалните власти и полицијата.