1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Последна шанса за испитот по демократија

Последен апел на меѓународната заедница- прегласувањето за парламентарните избори во Македонија в недела мора да биде фер и демократско. Во спротивно Македонија ќе падне на испитот по демократија.

default

Евроамбасадорот Фуере при поранешна средба со министерката Коневска Трајковска

Последното предупредување го упати амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере.

Ова е последна шанса Македонија да го покаже својот капацитет да организира избори без насилство. Политичките лидери мораат да сватат дека секој акт на насилство, нарушување или испукан куршум е напад на демократската определба на Македонија и нејзината иднина, предупреди амбасадорот Фуере, кој се сретна со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.