1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Последна трка на “Шуми”

Шансите за триумфален крај на величествена кариера на Михаел Шумахер се минимални

Шумахер на прес-конференција во Сао Паоло

Шумахер на прес-конференција во Сао Паоло

Денеска бразилскиот град Сао Паоло е во центарот на вниманието на љубителите на спортот: таму се вози последната трка од годинашното првенство во автомобилизам формула еден. Таа истовремено е и јубилејна, 250-та, и последна во 16-годишната кариера на најуспешниот во тој спорт - Михаел Шумахер.

Седум пати Шумахер доживеашампионски почести, последниот пред две години. Сега реши да стави крај, иако до последен момент се бори за осма титула. “Кога и да е едноставно доаѓа момент кога мора да се помисли и на иднината. А за во иднина јас веќе не гледам можности да изнајдам сила и енергија што би ми биле потребни за да можам и наредни години да бидам конкурентно способен во формула 1” – образложи 37-годишниот ас.

Лани младиот Шпанец Фернандо Алонзо го симна од тронот најуспешниот возач на сите времиња во формула 1. Нивната голема битка годинава практично беше решена на претходната трка. По неколку часови во Сао Паоло Михаел Шумахер би морал да победи, Алонзо да не освои ни бод, за триумфално да ја заврши кариерата. Тоа е уште поневеројатно оти Шумахер ќе стартува како 10-ти, а Алонзо од четврта позиција.

Зад Михаел Шумахер, во секој случај, ќе останат за долго време недостижни рекорди: покрај 7-те титули, уште и 81-на поединечна победа, 154 пати меѓу тројцата првопласирани, 68 пол-позиции.