Последна почит за Нелсон Мандела | Свет | DW | 15.12.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Последна почит за Нелсон Мандела

Почесни гости од цел свет му оддаваат последна почит на Нобеловецот за мир, Мандела, во неговото родно село Куту. Борецот против апартхејдот ќе биде погребан покрај предците.

Државната церемонија на погребот на светската политичка икона и борец против апартхејдот Нелсон Мандела, кој почина на 5 декември на 95-годишна возраст, почна утрово во селото Куну, каде што тој го поминал детството и каде живееше по повлекувањето од политиката.

Церемонијата почна со религиозни песни, на имотот на семејството Мандела, во присуство на 4.500 лица. Меѓу присутните на погребот се претседателите на Танзанија и Малави, премиерот на Етиопија, потпретседателите на Замбија, Иран и Никарагва, кралот на Лесото и британскиот престолонаследник, прицот Чарлс. Погребот е мешавина од традиционални ритуали, христијански елементи и оние кои го одликуваат погребот со државни почести.

Повеќето од околу седум милиони припадници на племето Коса живеат на североистокот на државата во провинцијата Источен Кејп, а нивната култура признава постоење на душата на претците. Мандела ја предводеше мирната транзиција во Јужна Африка со префрлањето на власта од белото малцинство на црнечкото мнозинство во 90-те години на 20-от век, откако претходно во затвор помина 27 години.

Мандела беше еден од највлијателните светски државници, но по повлекувањето од претседателката функција им ја остави политичката работа на своите наследници, а по 2004 година се повлече од јавниот живот на земјата и мошне ретко се појавуваше во јавноста.