1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Последна почит за жртвите од Компостела

Со миса во катедралата во Компостела, вечерва ќе бидат погребани посмртните останки на најголемиот дел од жртвите во железничката несреќа во Шпанија. Машиновозачот обвинет за убиство од небрежност

Жителите на Сантијаго де Компостела денеска им оддаваат почит на загинатите во минатонеделната железничка несреќа во близина на градот, едно од најпознатите места за верници од целиот свет.

Машиновозачот Франсиско Хосе Гарсон Амо, кој го управуваше возот што излета од шините и притоа загинаа 79 патници, е обвинет за „убиство од небрежност по 79 точки“.

По сослушувањето, машиновозачот вчера беше пуштен од притвор со кауција. Тој е осомничен дека со голема брзина влетал во свиокот кај Сантијаго де Компостела поради што возот излетал од шините. Во меѓувреме, отворени се две истраги, една судска и една административна, кои треба да објаснат како се случила железничката несреќа, најтешка во Шпанија во последните 70 години.

Управата на мрежата Адиф соопшти дека машиновозачот добил предупредувања да забави, додека претседателот на железничката компанија

Spanien Zugunglück Francisco Jose Garzon Amo

Машиновозачот Франсиско Хосе Гарсон Амо

Ренфа тврди дека машиновозачот бил одлично запознаен со тој дел од патот.

Верниците уште од четвртокот положуваат цвеќиња пред катедралата во Компостела и на соседниот плоштад. Дел од настраданите беа погребани вчера, а вечерва ќе биде одржан помен во катедралата во Компостела. Се очекува присуство на премиерот Маријано Рахој и на принцот Фелипе и принцезата Летиција.

Местото на несреќата е расчистено, па од утрово е обновен железничкиот сообраќај со ограничување на брзината од 30 километри на час.

Од повредените во несреќата, 70 луѓе се уште се хоспитализирани, а од нив, 22 лица се уште се наоѓаат во тешка состојба.