1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Последна опомена за БиХ од ЕУ

Најавата за сузпензија на безвизниот режим на ЕУ ги исплаши политичарите но и обичните граѓани. Властите мораат да преземат дополнителни напори за намалување на бројот на азилантите.

Ако не биде намален бројот на „лажните азиланти“, граѓаните на БиХ повторно би можеле да стојат во редици за визи. На неодамнешниот состанок во Брисел од властите на БиХ е побарано да ги преземат неопходните мерки за да се прекине злоупотребата на безвизниот режим. Само во октомври 2012 година во Германија побарале азил 630 државјани на БиХ. Во истиот период, азил во оваа земја побарале 2.673 државјани на Србија и 1.350 државјани на Македонија.

„Од колегите од Европската комисија добивме последни предупредувања пред одредени проблеми кои би можеле да ги имаме, како што денес ги имаат Србија и Македонија, поради зголемениот број на лажни азиланти“, вели шефот на тимот за мониторинг на безвизниот режим, Бакир Даутбашиќ.

Нема бенефиција за азиланти

„Последното предупредување“ е направена во контекст на најавите за

15.11.2012 DW Deutschland heute Asyl

Дом за сместување азиланти во Германија

привремена сузпензија на безвизниот режим за државите од западен Балкан. Поради тоа што азилантите во најголема мера се Роми, Европјаните инсистираат на активен ангажман на државите во регионот за социјална вклученост на оваа популација. Даутбашиќ вели дека на состанокот во Брисел единствено БиХ презентирала конкретни проекти во оваа смисла.

„Ние не можеме да ги сопреме сите оние кои ќе бараат азил по земјите на ЕУ, но сите, посебно локалните заедници, можат многу да направат за нивно подобро информирање. Она што би требале сите да го знаат е дека поднесувањето барање за азил не може да донесе апсолутно никакви бенефиции“, вели Даутбашиќ.

„Последното предупредување“ од Европската комисија ги загрижи граѓаните на Сараево. Некои од нив ги разбираат мотивите на азилантите, а критиките одат на сметка на државата. „Видете колку тешко живее народот и колку има неварботени. Тоа се луѓе кои сакаат да си одат, а затоа виновна е државата а не Европската унија“, вели Б.С. од Сараево.

Нови мерки и рокови

Аналитичарите предупредуваат на негативните последици од евентуалната суспензија на безвизниот режим. Директорот на Институтот за блискоисточни и балкански студиии, Зијад Бечировиќ, верува дека повторното воведување на режимот за граѓаните на западен Балкан не би придонело за приближување на овој регион во Европа и дека најавите од ЕУ се во функција на „дисциплинирање на политичките елити за интензивно да работат на процесот на приближување кон ЕУ“.

Европската комисија прецизираше мерки кои БиХ мора да ги реализира до февруари 2013 година, со редовно известување за постигнатиот напредок. Мерките пред се’ се однесуваат на подобра контрола на границите, размена на податоци помеѓу полициските агенции, соработка со граничната полиција во регионот, како и затворање на премините кои најчесто се користат за илегално преминување на границите.