1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Последната надеж на Американците“ за Авганистан

Функцијата главен командант на НАТО силите во Авганистан ќе ја преземе генералот Дејвид Петреус. Кој е генералот Петреус и со што ја заслужил толкавата доверба на актуелниот американски претседател?

default

Човекот на Буш за Ирак треба да го среди Авганистан: генералот Петреус со претседателот Џорџ Буш

Генералот Дејвид Петреус во американската јавност се смета за „воен суперстар“ и за „највлијателен генерал на оваа ера“. Кого и да прашате во САД за него, ќе чуете само добри работи. Сите го опишуваат како отворен но не површен, самосвесен но не арогантен, како искусен практичар со голем број воени одликувања, но исто така и многу начитан теоретичар. Како таков Петреус ја заслужи прво довербата на претходниот американски претседател Џорџ Буш, кој на почетокот на 2007 година го испрати да ја среди ситуацијата во Ирак: „Неговите раководни квалитети ми оставија многу силен впечаток...“ - порача Буш по средбата со генералот Петреус.

McChrystal / USA / Militär

Предвреме прекината успешна кариера: генералот Стенли Меккристал поднесе оставка

Докажан борец во Ирак

Одлуката на претседателот Буш меѓутоа не се потпираше само на личниот впечаток. Генерал Петреус беше многу погодна личност за највисоката функција во Ирак, бидејќи тој учествуваше како командант на првиот фронт уште при нападот врз Ирак во 2003 година. Кога тој го заврши мандатот во Ирак кон средината на 2008 година, ситуацијата во ова воено жариште беше значително подобрена. Експертите оценија дека тое е негова заслуга затоа што толку успешно ја спровел зацртаната стратегија на Пентагон.

Секогаш еден од најдобрите

Физичката појава на генералот Петреус може да залаже. Тој е висок само 1,75 и е повеќе жилав отколку мускулест. Но, кога ќе се фрли поглед во неговата биографија веднаш се забележува дека секогаш и’ припаѓал на елитата најдобри воени кадри на САД. Тој завршил на воената академија во Вест поинт, а докторирал на елитниот универзитет Принстон, каде темата на докторската дисертација му била војната во Виетнам.

General David Petraeus

Сите надежи се вложени во него: генералот Дејвид Петреус

Генерал Петреус е голем обожавател на трчањето и фитнесот и за себе вели дека е апсолутно отпорен на стрес. Таквите карактеристики ќе му бидат од голема полза на новата задача во Авганистан. Тој и самиот неодамна ја оцени ситуацијата во Авганистан како тешка: „Во Авганистан ништо не е лесно. Сметам дека прво ќе биде уште полошо, пред да дојде до подобрување!“

Последна надеж

Петреус, како член на Централната команда на американската армија, е одлично запознаен со актуелната ситуација во Авганистан. За него влијателниот американски сенатор Линдси Грехем вели: „Дејвид Петреус е нашата последна надеж. Ако под негова команда не се промени ништо, тогаш никому нема да му појде од рака да го среди Авганистан!“

Слични изјави дојдоа од повеќемина американски политичари уште пред неговото заминување на чувствителната задача во Ирак.

Автор: Сабине Милер/Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски