1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Последици од скапата нафта

Дури и ако цената на нафтата малку падне под највисокото ниво од минатите денови, не може да се очекува пресврт на тој тренд.

Тешко на тој што нема своја нафта

Тешко на тој што нема своја нафта

Нафтата – погонот на светското стопанство – патем, доаѓа од политички најсензибилните подрачја каде што секогаш има некој проблем. Во моментов тоа се спорот околу иранската атомска програма и несигурната ситуација во Негирија. Серизните експерти сметаат дека многу бргу ќе достигне 100 долари за барел. Какво влијание ќе има тоа за земјите во развој? Со оваа тема се занимаваа експертите на Меѓународниот монтетарен фонд во Вашингтон:

Алесандро Ребучи, економист од одделот за наука во ММФ, се занимава со последиците од високата цена на нафтата врз сиромашните земји:

„За разлика од 70-сеттите години, тие сега помалку ги чувствуваат последиците. Некои од нив за среќа извезуваат важни суровини. Бидејќи овојпат нивните цени се развиваат паралалено со онаа на нафтата, негативниот ефект врз домашното стопанство се израмнува„.

Освен тоа за некои од тие земји е подобрена појдовната основа, бидејќи ги намалија домашните давачки, тврди Ребучи:

„Имаат подобра финансиска политика, пониски стапки на инфлација, а имаат и намалени долгови. Оттаму, нивниот биланс е подобар отколку во 70-сеттите„.

Се разбира, сликата што ја нуди ММФ не е само розова:

„Пораснатата цена на нафтата носи и ризици: на пример, при ненадејно паѓање на вредноста на доларот, што би му штетело на светското стопанство, посебно за земјите со мали приходи„.

Ребучи не спомна имиња на држави, но затоа зборува за регионите што страдаат од порастот на цената на нафтата:

„Тоа се оние што увезуваат енергија, но не извезуваат важни суровинии. Земји што на пример, живеат од туризмот или од извоз на земјоделски прозиводи. Мислам на државите од Карибикот или на државите од Централна Америка кои се наоѓаат во токму таква ситуација„.

Од овие причини ММФ и Светската банка на заседанието наесен ќе разговараат како да им се помогне на тие земји.