1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Последиците од Чернобил се потценети!

Организацијата „Гринпис“ денес во Берлин, Киев и Амстердам го обелодени извештајот на 60 научници во кој се изнесени податоци околу потенцијалната смртност и болестите кои се резултат на хаваријата во Чернобил

Ликвидаторите кои чистеа по хаваријата во Чернобил имаат најмногу последици врз здравјето!

Ликвидаторите кои чистеа по хаваријата во Чернобил имаат најмногу последици врз здравјето!

Бројот на жртвите од Чернобил и сега, 20 години по хаваријата на атомската централа, не може да биде дефинитивно кажан, зашто цехот ќе биде наплатуван и во наредниве две-три децении. Јасно е, меѓутоа, дека со бројката од потенцијални 4.000 мртви, која ја презентираа Светската здравствена организација и Меѓународната агенција за атомска енергија се негираат тежината на несреќата и страдањето на луѓето. Кажа на на прес конференцијата во Берлин Томас Бројер, нуклеарен експерт на Гринпис, кој ги истакна различните проценки за црните бројки:

"

Институт за истражување на реактори од универзитетот во Кјото во 1999 процени дека како последица од Чернобил ќе умрат 90.000 лица. Во 2002 Руското министерство за атомска енергија оцени дека само во Русија ќе умрат 145 лица. Минатата година Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација ја изнесоа проценката од 4.000 мртви, а во најновата годинашна студија на Руската академија на науките се смета со 93.000 потенцијални мртви.

Според Гринпис малите бројки кои со години ги презентираше Русија се должеа на обидот последиците од несреќата во Черноблил да се минимизираат. Но, зошто овие податоци биле прифатени од Светската здравствена организација и Агенцијата за атомска енергија, во Гринпис сметаат дека треба да се испита. Токму за отсликување на реалните последици од Чернобил 60 научници од различни страни на светот лани обртаботија и анализираа бројни податоци околу здравјето на луѓето во Украина, Русија и Белорусија, а кои порано не беа земени предвид.

"

Третирани беа 4 категории лица кои беа најпогодени од катастрофата: т.н. ликвидатори,младите мажи и жени кои го чистеа реакторот по хаваријата, евакуираните лица од високо контаминираните зони во пречник од и над 30 километри и децата родени од браковите на ризичните категории лица.’’

Ракот, меѓутоа, не е единствената последица по здравјето , вели Бројер подвлекувајќи ги инфекциите, нарушениот имунолошки систем - појавата на т.н. “Чернобил еидс“ болести на дишните патишта, бронхитис, астма, болести на крвотокот. Сите се среќаваат почество од вообичаеното во контаминираните региони. Едновремено поради контаминираноста на почвата, нарушувања врз здравјето може да се очекуваат и кај многу идни генерации и тоа не само во регионот на катастрофата, туку и пошироко во Европа. Но, ова не е се! “Во 1988 - 2 години по катастрофата во реакторот, 2,7 промили од ликвидатортите беа инвалиди или неспособни за работа. Во 2003 бројката на инвалиди и неспособни на истата категорија луѓе се искаќи на 208 промили“ подвлече Бројер според кого најефикасна заштита од слични хаварии е забрана на примената на атомската енергија.