1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Последен поздрав до загинатите другари

Германските војници во Авганистан им оддадоа последна почит на тројцата припадници на Бундесверот кои загинаа во тешките борби со талибанските бунтовници во петокот. Комеморацијата се одржа во базата во Кундус.

default

На денешната комеморативна церемонија во германската воена база кај Кундус, присуствуваше и германскиот министер за развој Дирк Нибел, кој беше во Авганистан кога во петокот се случи досега најжестокиот напад врз германските војници во кој загинаа тројца од нив. Нибел го продолжи престојот во Авганистан за еден ден за да присуствува на комеморацијата. Тој изрази сочуство во име на германската влада и апелираше за поголема поддршка од јавноста во Германија за мисијата на Бундесверот во Авганистан.

Тешко повредените во стабилна состојба

По комеморацијата во базата кај Кундус, телата на загинатите војници со авион ќе бидат пренесени во Германија. Вчеравечер пак четворица тешко повредени војници од судирите во петокот со воен авион пристигнаа на аеродромот во Келн Ван. Лекарите соопштија дека нивната здравстване состојба е стабилна. Во жестоките престрелки со талибанците беа полесно повредени уште четворица припадници на Бундесверот.

Bundeswehrsoldaten vor Chahar Dara Brücke

Ангажманот на Бундесверот во провинцијата Кундус станува се‘ поопасен

Инаку сите загинати и повредени војници во судирите кај Кундус биле припадници на падобранската единица со седиште во местото Зеедорф во германската покраина Долна Саксонија. Во нивната касарна владее голема тага, соопшти портпаролот Бјерн Горник:

„ Ние заеднички вежбавме за овој ангажмен вкупно една година, и тоа зближува неверојатно. Затоа тагата токму тука во седиштето на падорбранската единица е исклучително голема“.

Меркел телефонски му изрази сочуство на Карзаи

Вчера беше објавено и дека за време на судирите со талибанците германските војници по грешка убиле и шестмина авганистански војници. Тие се наоѓале во две возила, кои не запреле кога од нив тоа го побарале германските војници, по што врз нив бил отворен тенковски оган. Најнапред се велеше дека тие се наоѓале во цивилни возила, но потоа беше утврденио дека станувало збор за возила на авганистанската армија. Истрагата за овој инцидент е во тек. Гувернерот на провинцијата Кундус го критикуваше однесувањето на германските војници:

„Во иднина тие треба да бидат повнимателни. Мора да има поголема комуникација меѓу двете страни при такви ангажмани“, изјави Мохамад Омар.

Германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговараше со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи при што му изрази сочуство за смртта на војниците. Карзаи од својастрана истотака изразил сочуство за тројцата загинати германски војници, соопшти портпаролот на владата во Берлин.

Автор: СН/ЖА/дв/дпа/афп/ртр

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM