1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Посета што вреди злато

Германската канцеларка Ангела Меркел една недела престојуваше на турнеја низ неколку латинско-американски држави. Заедно со неа патуваше и поголема делегација германски стопанственици.

default

Со посетата на Меркел на Месико заврши турнејата што „вреди злато“

Еден архитект, еден специјалист за еколошка техника, една авио и вселенска фирма: од мали фирми преку средни, до светски концерни ја придружуваа Ангела Меркел на турнејата по Латинска Америка.

Перспективен пазар

Површно речено, шарена група – логистичари, производители на био-гориво, па и производители на медицинска опрема. Се најдоа таму за да се профилираат на перспективниот пазар во подем.

На пример Томас Штрајл, шеф на фирмата САРАД, водечка во еколошките мерења, кој може да се надева набргу да се најде во

Колумбија за да помогне во редуцирањето на загадувањето на воздухот: „Во Колумбија седев до министерот за екологија кому му предадов мал материјал. Откако го виде ми вели: ’Штотуку подготвувам нови закони. Но, кога гледам што се’ може да се мери, тогаш ќе морам да ги заострам законите, зашто она што го правите вие ги надминува моите претстави. Веројатно уште во наредната недела ќе ве посетам во Дрезден.“

Архитектонското биро „Фалкенштајн“ од Аулендорф е специјализирано за планирање индустриски постројки за месо и има претставништво во Бразил. Бидејќи малку кој во Латинска Америка знае за строгите хигиенски и социјални стандарди што ги бара Европската унија за увоз на производи од месо, Симоне Фалкенштајн се надева на нови договори за фирмата:

„Нашиот профит го базираме врз нови инвестиции, пред се во држави во кои досега не сме работеле, како Колумбија или можеби сега и во Мексико. Во рамките на толку висока делегација се разбира дека како биро би добиле уште повеќе на тежина.“

Нови партнерски договори

Клаус Заутер, пак, се враќа дома со потпишан договор во џебот. Тој е шеф на производителот на био-гориво ВЕРБИО од Лајпциг. Фирмата во перуанските Анди ќе гради хидро-централа и постројки за наводнување за да се овозможи плодност на 30 квадратни километри пустина за производство на етанол. Ќе бидат инвестирани 400 милиони долари што ќе овозможат 6 илјади работни места.

Посетата на канцеларката Меркел на Лима, вели Клаус Заутер, енормно го забрза проектот „Беше збор за тоа перуанската држава да ни вети право на земјиште и вода. Пред 4 недели поднесовме прокет, па оттаму поддршката на канцеларката беше многу важна.“

Најдебела зделка доби ЕАДС

Концернот ЕАДС ќе ја снабди бразилската полиција со модерна опрема. Во Перу ќе бидат испорачани радарски системи, а можеби и хеликоптери со вкупен волумен од околу милјарда и 200 милиони евра. Во сосема други димензии пресметува Јозеф Рудер Ундерберг чија фирма им припаѓа на средните.

Но, и тој е задоволен. Со години војува со бразилската царина, зашто за извозот на секое шишенце ракија, мора да залепи даночна бандерола: „Тоа се случува во Бразил каде што на царината рачно ги вршиме сите работи, вкулувајќи пакување на малите шишенца, што за нас е многу напорно.“

Тоа набргу може да се промени, вели Уденберг. Конечно, тој преку канцеларката Меркел го почести претседателот на Бразил Лула со шише ракија. Билансот на стопанската делегација е сосема јасен: „Турнејата вреди злато.“