1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Посета на папата би била голема афирмација за Македонија

Ватикан

Ватикан

Македонија уште одамна требаше да упати покана до Светата столица во Ватикан, смета високиот католички свештеник од скопската катедрала Срце Исусово, Анте Циримотиќ. Во разговорот за Дојче Веле, монсињор Циримотиќ објаснува дека поранешниот папа Јован Павле Втори бил многу наклонет кон Македонија и земјата требало да ја искористи таа шанса:

”Денес сметам дека шансите се многу помали, особено што папата не оди, не учествува на такви конфенции туку испраќа свој претставник. Доколку се создаде позитивна клима и се најде друг соодветен момент, не ја исклучувам можноста да дојде”.

Владината посета на Ватикан, кога македонскиот премиер Никола Груевски планира да го покани папата во Македонија, е предвидена за в сабота. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ја потврди намерата на Владата да замине на аудиенција кај римокатоличкиот поглавар: ”Нашата намера како влада да побараме за премиерот, а потоа и за мене прием кај неговата светост, кај папата во некое скоро време”.

Македонската православна црква не била информирана за владините планови. Архиепископот Г. Г. Стефан нема специјални пораки до папата, па по Владата му испрати само поздрав во името на МПЦ: "Јас прв пат слушам дека ќе одат кај папата, но веројатно се пренесуваат поздрави од земјата од која се доаѓа, меѓу нив веројатно и во име на МПЦ ќе бидат пренесени до папата поздрави за добро здравје и успешна мисија на функцијата”.

Посетата на папата би значела голема афирмација за Македонија, велат познавалите на црковните случувања. Но, и тие се согласуваат со поглаварот Стефан дека папата не би можел многу да и помогне на Македонската православна црква за решавање на нејзиниот проблем во православието предизвикан од спорот со српската црква.

”Не е вистинската адреса од која треба да побараме поддршка, овде станува збор за недоразбирање меѓу две православни цркви, и тука треба да се бара вистинската адреса, секако вселенската патријаршија и сите помесни православни цркви”.

Идејата на македонските власти е да го поканат папата на меѓурелигиската конференција што идната година ќе се одржи во Охрид.