1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поселт: Мислам дека преговорите ќе почнат годинава

Македонија ќе има позитивен извештај од ЕК, а Европскиот совет на Самитот во јуни, најдоцна во декември ќе додели датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави за агенцијата МИА европратеникот Бернд Поселт.

Германскиот пратеник во Европскиот парламент Бернд Поселт, непосредно пред средбата со комесарот за проширување Штефан Филе, кој попладнево ќе го објави извештајот за Македонија, за МИА рече:

„Ја видовте изгласаната драфт-Резолуција изгласана од страна на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) што нема да се менува и ние, помалку или повеќе, ќе ја усвоиме истата и на пленарна седница на Европарламентот во мај месец. Мислам дека тоа е добар чекор напред на патот на Македонија кон евроинтеграцијата. Ако Европскиот совет даде зелено светло, не знам само дали во јуни или во декември, мислам дека годинава ќе ги почнете пристапните преговори со ЕУ“, вели Поселт.

Околу извештајот на Европската комисија за Македонија, што попладнево ов Стразбур ќе го објави еврокомесарот Филе, Поселт најавува:

„Се разбира дека ќе има неколку поенти на критика што секогаш е случај кога Комисијата лиферува извештај за некоја од земјите-кандидати или потенцијални кандидати. Критики секогаш мора да има, оти ЕК проверува до детал што се‘ прави земјата во својата европска интеграција, но тенденцијата ќе биде позитивна“, додава Поселт за МИА.