1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Посвојување по електронски пат

Во Македонија во овој период има над 30 деца подготвени за посвојување и околу 370 луѓе кои сакаат да посвојат дете. Овој расчекор меѓу потребата за посвојување деца и понудата се должи на негативната демографија.

default

Од неодамна процедурата за посвојување деца во Македонија се одвива по електронски пат. Изборот на родители кои ќе добијат дете го врши компјутерска програма, систем што ги бодира според нивната материјална и станбена си­ту­и­ра­ност, време на чекање, брачен и психосоцијален статус. Новините се воведени за да се избегнат злоупотреби, односно да се сведе на минимум човечкиот фактор при одлучувањето, објаснуваат надлежните.

„Ком­пју­те­рот избира пет потенцијални посвоители со соодветни ка­рак­те­рис­ти­ки од регистарот на посвоители, под шифри. Со електронската рас­пре­дел­ба го

Symbolbild Liebe Glück Hand und Babyfuß

исклучуваме субјективниот фактор, зашто со години наназад се зборуваше дека има корупција во оваа област“, објаснува министерот за труд и социјала Џелал Барјами.

Надлежните признаваат дека честа појава во Македонија била луѓето кои сакаат да посвојат дете да ги потплатат службениците. Тврдат дека новиот систем ја елиминира опасноста од корупција.

Кога ќе има дете за посвојување, системот ќе избере пет потенцијални посвоители со соодветни карактеристики кои под шифри ќе стасуваат до Комисијата, која ќе носи одлука за изборот на посвоители. Листата од првите пет посвоители се креира врз основа на добиените бодови за исполнување на критериумите што се однесуваат на материјалните и на станбените услови, степенот на образование, здравствената состојба, времето на чекање, психосоцијалниот статус и брачниот статус на потенцијалниот посвоител.

Новините се веќе дадени на Уставен суд

„Кој може да ја измери 'добрината' на идните родители според нивите па­ри? И каква е гаранцијата дека тој што живее во град ќе биде подобар ро­ди­тел од оној што живее во село? Затоа го дадовме Законот за елек­трон­ско посвојување пред Уставен суд", велат луѓето кои подолго време ра­бо­тат на посвојување.

Flash-Galerie Symbolbild Baby Facebook Computer

Во Македонија, во овој период има 33 деца кои се подготвени за посвојување и 370 луѓе кои сакаат да посвојат дете. Овој расчекор меѓу потребата за посвојување деца и понудата се должи на општиот амбиент во државата која во последниот период е зафатена од таканаречената бела чума, негативна демографија. Млади и амбициозни луѓе не се решаваат да раѓаат. Образовани двојки ја претпочитаат кариерата, а родителството го оставаат за биолошки поризичните години за пород. Зголемена е и просечната возраст кога младите стапуваат во брак - со 29 години. Во една третина од македонските општини стагнира природниот прираст. Повеќе од 12 проценти од новородените се вонбрачни деца, кои мајките ги оставаат во породилиштата или социјалните центри за згрижување.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина