1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Порше ја свртe „на глава“ економската логика

Економско ремек-дело на Порше: во штотуку завршената деловна година (не се совпаѓа со календарската!) постигна поголема добивка, отколку што му изнесува целокупниот остварен промет. Редок, но не и невозможен феномен.

default

На концернот Порше, според сите показатели, работите му одат повеќе од добро, толку добро што му успеа да оствари добивка поголема од вкупниот промет! Нелогично? Само на прв поглед, инаку не е невозможно, оти нема врска со самото производство и пласман на скапите спортски автомобили, туку зад сето сепак се кријат вешти потези во работењето со девизи и акции.

Уште во 2005-та година Порше набави 18 ипол проценти од акциите на Фолксваген, наредната го наголеми уделот на 30,6 насто, а минатата недела најави дека до крајот на годинава ќе ја пречекори и границата од 51 насто. Сето би морало да чини премногу скапо, оти една акција на Фолксваген во моментов чини околу 200 евра, седумпати повеќе отколку во 2005-та.

Тајната е во опциите - купување акции како еден вид облог

Но, Порше не ја плаќа цената која денес мора да ја плати секој приватен инвеститор,

Symbolbild - Porsche will bei VW einsteigen

оти уште многу порано си обезбеди долгорочни опции за купување акции на Фолксваген по претходно договорена цена, што се држи во тајност. Таа цена останува фиксна, независно од движењето на курсот на акциите на Фолксваген на берзата.

Опциите се, всушност, облог за иден настан. Ако некој во иднина сака да набави акции и смета со раст на нивниот курс, мора да најде партнер кој смета на пад на курсот и верува дека со тоа ќе направи добар бизнис. Во случајов, Порше го доби облогот.

Како добивката стана поголема од прометот

Само од растот на курсот на акциите на Фолксваген, 30-процентното учество во деловната 2007-ма му донесе добивка од 3,6 милијарди евра. Билансот за деловната 2008-ма, која заврши на 31-ви јули, е уште поповолен:

Aktien Anlage Analyse Börse Entwicklung Erklärung Erklären Geld Kurse Manager Rede Referat Seminar Sparen Tabelle Trend Vermögen Symbolbild p178

новото вреднување на 30-процентното учество на Порше му донесе 5,9 милијарди евра, добивката од зделките со опции врз акции се проценуваат на околу 3 ипол милијарди, а натамошни 900 милиони носат дивиденди и учество во добивката на концернот Фолксваген. Вкупно тоа се 10,3 милијарди. Од сопственото производство на автомобили Порше заработи уште 1,2 милијарди, што се’ заедно изнесува 11,5 милијарди. Истовремено, прометот на Порше достигна 8,6 милијарди.

Далекувиди потези и со девизите

Јирген Пипер, аналитичар од банкарската куќа Мецлер, вели: „Можно е добивката во една ваква исклучителна година навистина да биде повисока од прометот. За мене тоа изгледа како со севкупното влегување кај многу поголемиот Фолксваген, вклучително и опциониот модел, Порше да оди по пат по кој досега никој не одел, барем не во олкав обем. Тие очигледно имаат специјалисти, со тој потег го изненадија пазарот и секако со ова ќе влезат во учебниците“.

Порше преку своите временски терминирани зделки со девизи дојде до ноу-хау и за бизнисите со опции за акции. И тие се облози за идни настани. Финансискиот шеф Холгер Хертер е горд дека до 2013-та година претпријатието е обезбедено против ниската вредност на доларот, што е неопходно за да може да ги продава своите возила во САД без загуба.