1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Порше и Фолксваген во „брак“

„Фолксваген“ ќе го преземе „Порше“ во неколку чекори, а надзорните одбори на двата автомобилски производители вчера (13.08.2009) одржаа седница, на која ја потпишаа основната спогодба за основање на интегриран концерн.

default

Фузијата треба да заврши во 2011 година

Отворен е патот за основање интегриран авто-концерн, во кој „Порше“ ќе влезе под покривот на „Фолксваген“. По долга, контроверзно водена седница во Волфсбург, надзорните одбори на двете претпријатија ја потпишаа спогодбата за преземањето. Шефот на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, со олеснување го најави спојувањето:

„’Фолксваген’ и ’Порше’ денеска почнуваат нова ера, што многу ветува. Најнапред ’Фолксваген’ ќе преземе 42 проценти од акциите на ’Порше’, а на крајот на процесот во 2011 година ’Порше’ треба целосно да се фузира со ’Фолскваген’ во нов, силен концерн“.

Автономен бренд

За учеството од 42 проценти, „Фолксваген“ ќе плати 3.3. милијарди евра. Слично како „Ауди“ и „Порше“ треба да биде автономен бренд, со седиште во Цуфенхаузен. Шефот на

Martin Winterkorn Vorstandsvorsitzender VW Volkswagen

Винтеркорн во иднина ќе го преземе и раководството со „Порше“

„Порше“, Михаел Махт, по вчерашната средба изјави:

„И ’Порше’ и ’Фолксваген’ треба рамномерно да профитираат од новиот сојуз. ’Порше’ е здраво, високопрофитабилно претпријатие, со силна позиција на пазарот. Сакаме оваа позиција и во иднина да ја надградуваме, во склоп на новиот концерн со ’Фолксваген’“, изјави Махт.

Со ова се поставени темелите за спојувањето на производителот на спортски автомобили „Порше“ со најголемиот европски авто-концерн „Фолксваген“. Шефот на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, на 15 септември, ја презема и функцијата претседател со управниот одбор на „Порше“.

Автор: Андреас Миер / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска