1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Португалците штедат без успех

Ќе стане ли Португалија „втора Грција“? И покрај мерките за штедење што се преземаат, успех нема. На финансиските пазари состојбата се заострува.

Португалците мораа да поднесат многу работи во последните месеци. За да се подобри финансиската состојба во земјата, премиерот Педро Куељо го скрати додатокот за одмор и за Божик за вработените во јавните служби, ги намали пензиите и го зголеми данокот на додадена вредност. Но, сето тоа досега беше од мала помош.

Portugal Finanzkrise Premierminister Pedro Passos Coelho

Премиерот Педро Куељо спроведува мерки на штедење, но се чини - попусто

Државното задолжување за 2012 година изнесува 111 проценти од брутодомашниот производ. Економијата годинава ќе забележи пад од три проценти. Стапката на невработеност, пак, веќе сега изнесува над 13 проценти.

Најголемиот проблем на Португалија е што економијата е преслаба. Малиот внатрешен пазар привлекува премалку странски инвеститори, а најважниот трговски партнер - Шпанија, и самиот е во криза. На финансиските пазари веќе се шпекулира со банкрот на Португалија.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Франциска Шмит / Е.М.Фиданоска

Редактор: Ж. Ацеска