1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Португалската влада „се ниша“

По министрите за финансии и за надворешни работи, Витор Гашпар и Пауло Порташ, според медиумите, оставки најавуваат и други министри. Се споменуваат министрите за земјоделство и за социјала.

Португалските медиуми најавуваат за денеска оставки на министерот за земјоделство Ашунчао Кристаш и министерот за социјала, Педро Мота Соареш. Конзервативната партија ЦДС-ПП на која и‘ припаѓаат, треба во текот на денешниот ден (03.07) да реши што натаму, пишува весникот „Диаро де ночиас“. Без оваа партија конзервативниот премиер Педро Пашош Коељо (на фотографијата) веќе нема да има мнозинство во парламентот. Португалскиот премиер синоќа изјави дека не ја прифатил оставката на неговиот министер за надворешни работи Пауло Порташ.

„Би било преурането да се прифати таа оставка..., поради заканите од политичка нестабилност до кои би довела таа“, изјави премиерот Коељо во обраќањето до нацијата.

Неполни 24 часа по оставката на министерот за финансии Витор Гашпар, следуваше и оставката на шефот на дипломатијата Пауло Порташ, вториот човек во владата на Португалија, која Куељо длабоко го изненадила.

„Во текот на следните часови ќе се обидам да ја разјаснам ситуацијата и да ги обезбедам сите услови кризата да биде надвладеана“, изјави Коељо.

Одлуката на министерот Порташ, инаку претседател на малата конзервативна партија ЦДС-ПП, коалицискиот партнер на социјалдемократите на премиерот Кuељо, претставува тежок удар за португалската влада. Сојузот на двете партии овозможува коалиција којашто има цврсто мнозинство во парламентот, неопходно за спроведување на непопуларните меѓу обичните Португалци мерки за штедење, но коишто ги бараат меѓународните доверители.