1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Португалија со најнизок кредитен рејтинг

Кредитниот рејтинг на Португалија достигна најниско ниво, откако агенцијата Мудис оцени дека оваа земја се соочува со нова економска криза и покрај помошта од ЕУ.

default

И покрај растечката критика за американските рејтинг агенции во европската должничка криза, агенцијата Мудис го намали рејтингот на Португалија за четири степени. Постои голем ризик, на владата во Лисабон да и’ биде потребен втор финсиски пакет за спас, се вели во образложението. Во моментов државите од евро-зоната и ММФ гарантираат со околу 78 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел вчера ја критикуваше улогата на рејтинг агенциите.

Автор: АТ/БГ/дв

Редактор: Горан Чутаноски