1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Португалија сепак ги сака милијардите од ЕУ

Португалскиот премиер Жозе Сократеш поднесе барање до Европската унија за користење на фондот за санација. Ескепертите проценуваат дека помошта за Португалија ќе достигне 80 милијарди евра.

default

Португалскиот премиер Жозе Сократеш

По подолго колебање високозадолжената Португалија побара од Европската унија финансиска помош во засега непознат износ. Вршителот на должноста премиер Жозе Сократеш вчеравечер во Лисабон официјално го објави барањето на најсиромашната земја во Западна Европа.

„Португалските банки и фирми гледаа како опаѓа нивното рангирање на досега незабележано ниско ниво. Оваа ситуација доведе до тоа, на Португалија да и‘ е потребна финансиска помош. За нашите банки и целокупната економија.“

ЕУ ќе реагира што е можно побрзо

Претседателот на Комисијата на Европската унија Жозе Мануел Барозо во Брисел потврди дека е пристигнато барање од Португалија и подвлече дека го уверил премиерот Сократеш, дека молбата ќе биде „брзо разгледана во согласност со утврдените правила“, се вели во соопштението на Барозо. Претседателот на Европската комисија, воедно поранешен шеф на владата во Лисабон, појасни дека „верува во способноста на Португалија, да ги надмине актуелните проблеми.“

Португалија, по Ирска и Грција е третата земја од еврозоната, која бара меѓународна финансиска помош. Експертите проценуваат дека Португалија ќе побара 80 милијарди евра. Од Фондот за санација, европските држави може да се земат кредити до 250 милијарди евра. Државата која ги користи поволностите од овој фонд мора да спроведува стриктна програма за штедење.

Symbolbild Portugal beantragt Finanzhilfe

Непопуларна одлука

Лисабон долого се колебаше да побара помош, бидејќи финансиски шприц ќе ја принуди земјата на долгогодишен курс на штедење, со што уште повеќе би се намалил животниот стандард на Португалците. Владата на премиерот Сократеш, која во моментов е вршител на должност, досега го правдаше одбивањето на финансиска помош со образложение дека пред парламентарните избори на 5 јуни нема надлежност да поднесе барање за европска финансиска помош. Премиерот Сократеш поднесе оставка на 23 март, откако неговата малцинска влада не доби мнозинство во парламентот за предложениот пакет за штедење. Тој се сметаше за предуслов, за Португалија наредните години да го намали државниот дефицит под дозволените три порценти од брутодомашниот производ. Рејтинг агенциите од тие причини неколкупати ја намалуваат проценката на кредитоспособноста на земјата. Согласно на тоа рапидно се зголемуваат каматите, кои Лисабон мора да ги плати на пазарите за новите долгови.

Straßenbahn in Lissabon Portugal

Португалците ќе треба многу да штедат

Во вчерашното обраќање, португалскиот премиер Сократеш истакна дека барањето финансиска помош ќе има лоши последици по Португалците, но и за Европа „Ако падне Португалија, тогаш ќе бидат заслабени еврото и Европа“. Барањето помош е „последното средство“. Во Европската унија во меѓувреме расте загриженоста, дека и Шпанија би можела да падне во вртлогот на должничката криза.

Автор: АТ/ СШ/ дв/ дпа/ афп/ дапд/ ртр

Редактор: Жана Ацеска