1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Португалија пред нови избори?

Тие требаше да изнајдат заеднички пат од кризата, но социјалистичката опозиција на Португалија ги прекина разговорите со владата. Дали наскоро ќе има нови избори во оваа ЕУ-земја?

„Беше бесмислено да се преговара понатаму“, соопшти водачот на опозицијата Антонио Сегуро доцна синоќа во Лисабон. Во „говорот до нацијата“ Сегуро нагласи дека сега претседателот Анибал Кавако Силва треба да одлучу за наредните чекори, но и за барањето на опозицијата за соборување на владата и нови избори.

Претседателот Кавако Силва пред околу две недели побара „Договор за нацинален спас“, откако претходно изби тешка владина криза во Португалија. Една ваква спогодба мора да гарантира дека ќе биде исполнета програмата за штедење договорена со меѓународните донатори, подвлече тогаш претседателот на државата. Според негово мислење нови избори не би требало да се одржат веднаш, туку да се подготвуваат дури по јуни 2014. Мандатот на премиерот Пасо Коељо трае до средината на 2015 година. Неговата влада неодамна беше заслабената со оставките на министрите за финансии и за надворешни работи, Витор Гаспар и Пауло Портас.

Социјалистичката партија на Сегурос бара меѓутоа нови преговори за државните кратења, кои самата ги усвои во 2011 година кога беше на власт.

За да биде избегнат државен банкрот ЕУ, ЕЦБ и ММФ одобрија пакет помош за Португалија во вредност од 78 милијарди евра. Земјата од своја страна се обврза на строг курс за санација. Ваквата политика меѓутоа ја губи поддршката, како меѓу населението, така и во владината коалиција. Невработеноста во Португалија се искачи на рекорди 18 процентни, а земјата трета година по ред најверојатно ќе биде во рецесија.