1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Португалија е првиот тест за Германците

Германската фудбалска репрезентација денеска стартува на УЕФА ЕУРО 2012 со натпреварот против Португалија.

„За нас како и за сите останати екипи сега важи - полнење на батериите и старт на овој турнир“, вели сојузниот тренер Јоахим Лев пред натпреварот во групата Б против Португалија, кој вечерва се игра во украинскиот град Л‘вов. Лев тврди дека единаесеттемина кои ќе излезат на теренот се веќе утврдени, но имињата сепак не ги обелоденува. Јасно е дека Лев прво ќе се потпре на силниот „минхенски блок“, односно на најмалку шестмина играчи на Бајерн. Веројатно дел од стартната екипа ќе биде и Мирослав Клозе, како и играчите од средниот ред Месут Езил и Сами Кедира (двајцата играат во Реал Мадрид), како и екс-келњанинот Лукас Подолски. „Не сме самоуверени, а за ароганција и не станува збор“, уверува Лев, кој ги насочи играчите да мислат само на натпреварот со Португалија, а не да размислуваат веќе за наредниот противник - Холандија, со кого ќе се игра в среда (13.06).

Bildergalerie Stars der EM 2012

Кристијано Роналдо

Роналдо смета дека Германија е фаворит

Португалија во моментов „гази длабоко долу“. „Во оваа игра ние сме аутсајдери“, вели супер ѕвездата Кристијано Роналдо. Топ напаѓачот на Реал Мадрид, кој во шпанската лига минатата сезона постигна 46 гола, сепак смета дека неговата екипа има добри шанси. „Зависи од дневната форма, но Португалија докажа дека може да им се спротивстави на големите екипи.“

Јоахим Лев има намера да го запре Роналдо не само со ангажирање на еден играч „чувар“, туку колективно. „Неколку пати го имаме веќе налутено“, се сеќава Пер Мертезакер на последните дуели против Португалија. На Европското првенство во 2008. година Германија победи во четвртфиналето со 3:2, на Светското првенство во 2006. година, во натпреварот за третото место, победи со 3:1. Вкупниот биланс вели дека во одиграни 16 дуели против Португалија Германија победила осум пати, а пет натпревари завршиле нерешено.