1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Португалија е првиот полуфиналист

Португалија е првиот полуфиналист на УЕФА ЕУРО 2012 - Чесите се поразени со 1:0. Денеска Германија игра против Грција. Тимот на Јоахим Лев е опуштен.

Репрезентацијата на Португалија е првиот полуфиналист на Европското фудбалско првенство во Полска и во Украина, откако синоќа (21.06) на „Националниот Стадион“ во Варшава ја победи Чешка со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Кристијано Роналдо во 79.минута и ова за него беше трет гол на шампионатот. Во поголемиот дел од натпреварот Португалиците беа подобар тим, а Кристијано Роналдо во два наврати ја погоди и стативата од голот на Петр Чех.

За Португалија овa ќе биде четврто полуфинале. Тие имаат само еден пласман во финалето 2004 година (како домаќини), а во 1984 и 2000 двапати загубија од Франција. Противник на Португалија во полуфиналето (се игра на 27 јуни во Доњецк) ќе биде победникот од натпреварот Шпанија – Франција.

Вечерва на програмата е второто четвртфинале меѓу Германија и Грција. Натпреварот ќе се одигра на „ПГЕ Арена“ во Гдањск. Судија на овој дуел е Дамир Скомина од Словенија. Расположението во германскиот тим е опуштено. Против силната дефанзива на Грција, германската офанзива ќе мора да покаже што може. Тренерот Јоахим Лев вели: „Во овој натпревар влегуваме како фаворити, но не ги потценуваме Грците, зашто постојано се верува дека се речиси отпишани, дури и во квалификациите, и одеднаш се повторно во игра.“