1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Португалија ги менува плановите за штедење

Во презадолжената земја-членка на еврозоната, Португалија, владата одлучи по масовните протести да ја промени нејзината програма за штедење.

Властите во Лисабон се откажуваат од жестоко критикуваното зголемување на социјалните давачки. Наместо тоа, условите поставени од страна на меѓународните доверители за намалување на државниот дефицит, треба да бидат исполнети пред се’ со зголемување на даноците. Министерот за финансии Вито Гаспар најави дека треба да пораснат даноците на приход, капитал и на имот.

Во наредната годинa во земјата е планирано и воведување на данок на финансиски трансакции. Исто така треба натамошно да бидат намалени државните издатоци. За променетиот курс за штедење, португалската влада доби зелено светло од меѓународната кредиторска тројка, составена од претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.