1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Португалија: Буџетот на Уставен суд

Португалскиот претседател Анибал Кавако Силва смета дека Уставниот суд треба да го исконтролира буџетот за 2013 година. Тој се сомнева дека товарот на штедење е рамноправно поделен.

Буџетот за 2013 година, за кој парламентот даде согласност на крајот на ноември, буди „оправдано сомневање во праведноста на распределбата на товарот“, изјави претседателот Анибал Кавако Силва во својот новогодишен говор. Затоа, тој ќе го повика Уставниот суд да изврши контрола. Со ваквиот буџет, според 73-годишниот претседател, погоден е секој, но „некој е погоден повеќе, друг помалку“.

Кавако Силва го одобри буџетот дури во петокот (28.12), за тој да може да стапи во сила на 1. јануари. Својата согласност тој ја образложи со фактот дека земјата во спротивно би го немала „најважниот економско-политички инструмент“, а тоа би предизвикало „екстремно негативни“ последици.

Според буџетскиот план за 2013 година, треба да се соберат 5,3 милијарди евра повеќе, а 80% од тоа се средства кои треба да се добијат благодарение на зголемување на даноците. Против ваквиот буџет во Португалија во изминатите недели имаше големи протести.