1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Портрет на Лакшми Митал

Кој е Лакшми Митал кој во моментов го превртува на глава светските пазари на челик? Овој Индус во последните пет години купи повеќе од 20 челични концерни. Сега, елегантниот светски граѓанин го атакува европскиот челичен џин Арселор.

Многумина Лакшми Митал го нарекуваат „Махараџа од челик„ или „Индиски челичен барон„. Она што го држи цврсто на нозе овој 55-годишен бизнисмен е неговата огромна империја. Иницијална каписла беше неговиот татко иако за многу бројки помал од него: пред 50 години водеше мала фабрика во индиската провинција Раџастан на простор на кој струјата и водата беа реткост. Семејството подоцна се пресели во Калкута, каде што таткото на Митал презеде поголема фабрика и го вклучи синот со само 19 години. Тогаш Митал беше далеку од светскиот челичен врв. Пред нецели десет години Лакшми Митал купи една стара фабрика на Рајнметал и ја префрли во Индија. Претходно презеде и стари фабрики во земјите на поранешниот источен блок. Благодарение на ниските плати во Индија, Митал градеше нови, профитабилни фирми. Сега овој челичен магнат има вистинска моќ на пазарот благодарение на бизнисот кој цути и може да ги диктира цените во земји како Индија или Кина.

Неговото богатство се цени на 25 милијарди долари, а неговите фирми од пред две години се лидери на пазарот за суров челик. Колку и да е голема неговата империја, Митал постојано ги држи семејните врски. Традицијата на неговиот татко ја претвори во закон: како ќерка му, така и син му, имаат водечки позиции во менаџментот. Истото го прави и во фирмите во светот. Таму има лојални кои внимаваат се да се одвива според неговата волја. А, во Индија? Таму се горди на човекот од Раџастан за кого многумина велат дека има челик во крвта.