1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Портрет на Баерн Минхен

Што ќе беше од Баерн Минхен да не беше легендарната шлаканица што ја доби Франц Бекенбауер на 13-годишна возраст од неговиот противнички играч?

default

Баерн од Минхен стартуваше фуриозно во новото првенство со победа против Росток од 3 спрема 0.

Бекенбауер тогаш, кон крајот на 50-сеттите години, играше за мал клуб од Минхен против екипата на Минхен 1860. Всушност, тој сакаше да пресели кај нив, но тоа стана невозможно по таа сторија. „Не со мене„, изјави младиот Франц и се пријави во Баерн. Така започна златната ера на клубот што трае до денес.

Со Баерн, Бекенбауер влезе во Првата лига, со Баерн ја освои првата титула: националниот куп во 1966 година. Следуваше купот на победниците на националниот купови со финалето во Нирнберг. На 31 мај 1967 година, победа против Селтик од 1 спрема 0.

„Уште 12 минути од продолжението, резултатот е се уште 0 спрема 0. Слободен удар за Рот. Малку одолговлекува, шут и топката е во голот, во шкотскиот гол„, радосно извикуваше радио-репортерот. Бекенбауер се сеќава:

„Нашиот играч беше побрз од шкотскиот одбранбен фудбалер, занчи заостана и фаулираше. Така ја погоди топката што таа мина над шкотскиот голман„.

Првата меѓународна титула за Баерн пред 40 години. Оттогаш се нанижаа други: 3 пати победник на европскиот куп, победник на светскиот куп, во Лигата на шампионите, купот на УЕФА. Освен тоа, Баварците нанижаа 20 шампионски титули и 13 победи во националниот куп.

Меѓу 1974 и 76 година, Баерн во Европа скоро да немаше конкуренција. Трипати по ред победници на купот на националните прваци. Мајер, Милер, Брајтнер, Хенес, Шварценбек и, се разбира, Бекенбауер. Сите играчи од регионот.

Бекенбауер, како прва ѕвезда на германскиот фудбал, беше добро рекламиран. Кога потоа замина за Њујорк, Баерн се најде во криза. Ниту на екононски план не му одеше добро. Меѓутоа, тогаш само 27-годишниот Ули Хенес, кој ја заврши кариерата по многубројните повреди, ја извлече екипата од калта. Стана менаџер со една визија: од Баерн да направи најдобар клуб во Европа:

„Јас стапив на должност од фубалскиот клуб Барен да направам фирма која нема да зависи од ветерот и времето. Тоа штотуку ни успеа„.

Баерн стануваше се побогат, освојуваше титули на ангро, но во почетокот само еден голем сон никако да се оствари: победа во лигата на шампионите. На 26 мај 1999 година на Баерн му се укажа огромна шанса: да игра во финалето против Мачестер Јунајтед на стадионот Ноу Камп во Барселона. До 90-десттата минута водеше со 1 спрема 0, но тогаш:

„Шмахјел, внимание, Шмајхел доаѓа. Внимание, топката доаѓа. Шмајхел со глава. Шут - гол. Неверојатно!...Корнер за Манју, Бекам. Удар со глава – гол, не беше офсајд, голот важи„.

Солзи во очите на фудбалерите. Мораа да чекаат нови две години додека конечно не им успеа. 23 мај 2001 година – Милано. Противник – Валенсија. 1 спрема 1 по продолжението. Пенали:

„Долг залет. Пелегрино. Кан брани. Кан ја задржа топката и ги крева рацете! Баерн од Минхен е победник во лигата на шампионите„!

Баерн повторно беше на фубалскиот врв во Европа. Потоа го освои и светскиот куп. Пофален збор одржа човекот кој никогаш не играше за тој клуб. Гинтер Нецер, веројатно најголемиот градител на играта што кога и да е го имала Германија:

„Во секое време тоа беше поврзано со огромен квалитет и класа. Кога станува збор за претседателот, за раководството, за играчите. Тоа беше спортскиот квалитет. Тие од Баерн направија единствена екипа во Германија и клуб од светски калибар„.