Портрет на Абдул Рашид Гази, моќниот имам од Црвената џамија | Свет | DW | 10.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Портрет на Абдул Рашид Гази, моќниот имам од Црвената џамија

Кој е всушност човекот кој има храброст и сила да го предизвика директно претседателот на државата и главен командант на пакистанската армија Первез Мушараф?

default

Претседателот на Пакистан, генерал Первез Мушараф

Абдул Рашид Гази е средовечен човек со седа брада и наочари. На главата носи турбан и делува многу мирно, пријателски и елоквентно. Кога зборува за коранското училиште секогаш го нарекува “мојата медреса“ , иако формално водачот е неговиот брат. Реалната фигура што стои зад Црвената џамија во центарот на Исламабад меѓутоа е сепак Абдул Рашид Гази:

Неговото царство зад ѕидините на џамијата се состои од непрегледен лавиринт составен од простории за настава, студентски домови, канцеларии. Абдул Рашид Гази работи во многу скромна соба со едноставна работна маса. Него го чуваат голем број приврзаници, кои како и тој, се постојано наоружани. Минатата година дури и на интервјуто за германското ради се појави со калашников. Во таа прилика објасни зошто ја поддржува борбата на Талибанците во соседен Авганистан:

“Овде не научуваме борба против неверниците туку така, само заради борбата по себе. Исламот не‘ поучува дека треба да се браниме кога некоја земја е под окупација. А Талибанците го прават токму тоа, тие се борат против окупаторите. Тоа е самоодбрана, света војна, праведна борба против тираните и агресорите.“

На курсот на радикалниот исламизам Абдул Рашид Гази се најде дури подоцна во текот на животот. На почетокот имаше поинаква ориентација. Тој студираше историја, стана државен службеник и работеше дури за УНЕСКО. Но, убиството на татко му, кој лично ја основаше Црвената џамија во Исламабад, го измени. Набргу по атентатите од 11 септември во САД Абдул Рашид Гази стана виден противник на борбата против тероризмот. И успешно им се спротистави на сите обиди на пакистанската влада да ги стави под државна контрола муслиманските училишта, медресите. Претседателот Первез Мушараф стана за него вистински симбол на злото, непријател број 1, тукуречи.

“Мушараф не постапува чесно кон Пакистан, но исто така ни кон Америка. Тој се гледа само себе си“ - смета Гази.

Седиштата на Претседателот Мушараф и на проповедникот Абдул Рашид Гази се наоѓаат во центарот на Исламабад и се оддалечени на само неколку стотини метри. Спорот и непријателството меѓу нив растеше со месеци и години и сега дојде до вистинска ескалација. Гази при тоа знае дека може лесно да стане жртва на конфликтот:

“Не можеме да се предадеме. Подготвени сме да умреме како маченици, но нема да се предадеме“ изјави Гази по телефон пред некој ден од џамијата под опсада.

Маченичката смрт на неговите пориврзаници ќе предизвика исламска револуција во Пакистан, прорече самоуверено Абдул Рашид Гази. За ваквата негова визија веќе мораа да го дадат животот повеќемина од неговите учемници во медресата. Кога ги примаше во неа, меѓутоа, тој им ветуваше нешто сосема друго:

“Нашите ученици ги поучуваме на толеранција, не на екстремисам. Исламот е религија на мирот и ни дава морален кодекс за живеење. Родителите ги испраќаат нивните деца овде за да станат добри граѓани на ова општество!“