1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Портпаролот на Вулф ја отфрла вината

Поранешниот портпарол на екс-германскиот претседател Кристијан Вулф денеска (9.12) пред судот ги отфрли обвинувањата за корупција со кои е соочен. Се очекува сведочење на Вулф.

default

Олаф Глезекер

Обвинението против Олаф Глезекер се однесува на периодот додека бил портпарол на Вулф, кога овој се наоѓал на чело на владата на покраината Долна Саксонија. Глезекер наводно прифатил 19 патувања со вкупен износ од 12 илјади евра од претприемачот Манфред Шмит, кој е ко-обвинет, во замена за помош во организацијата на забави, на кои на Шмит му биле обезбедувани богати спонзори.

На забавите кои ги организирал Глезекер присуствувале политичари и бизнисмени од покраините Долна Саксонија и Баден Виртемберг. Вулф и други покраински премиери биле патрони на настаните, иако тие директно не се обвинети во случајот. Преку договорите кои ги склучил за време на забавите, Шмит наводно заработил околу еден милион евра.

Обвинителите, кои ја почнаа истрагата за корупција во 2012. година, тврдат дека Глезекер му помагал на Шмит да пронајде спонзори за своите проекти, а за возврат добивал престој во вилите на Шмит во Франција и Шпанија.

Christian Wulff Prozess am 28.11.2013 in Hannover

Кристијан Вулф

Согласно германскиот закон, државни службеници кои прифаќаат мито со кои се влијае врз нивните должности, но и оние кои го нудат митото, се соочуваат со максимална затворска казна до 5 години.

На судењето треба да сведочи и поранешниот претседател Вулф. Кристијан Вулф поднесе оставка минатата година откако медиумите објавија дека прифаќал услуги од богати бизнис-пријатели, а потоа се обидел да изврши притисок приказната да не се објавува.

На почетокот на неговото судење минатиот месец, Вулф ги отфрли обвинувањата. Судењето ќе продолжи во април следната година.