1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поројни дождови однесоа 80 животи во Централна Америка

Десетици луѓе ги загубија животите, а стотици се водат како исчезнати по поројните дождови кои ја зафатија Централна Америка. Стотици луѓе засега се водат како исчезнати.

default

Поплавите носат се’ пред себе

Најмалку 80 луѓе ги загубија животите во повеќе централно-американски држави како резултат на големо невреме проследено со лизгање на земјиштето. Поројни дождови веќе петти ден паѓаат во целиот регион, а метеоролозите очекуваат дека таквата состојба ќе продолжи уште неколку дена. Стотици луѓе засега се водат како исчезнати.

Повеќе магистрални патишта се однесени од водената стихија, а цели села се отсечени од светот. Илјадници семејства ги загубиле своите домови, а уништени се и земјоделските посеви. Најкритично погодени се Ел Салвадор и Гватемала, каде е најголем и бројот на жртвите.

Претседателот на Ел Салвадор, Маурисио Фуњес во порака до нацијата рече дека земјата е пред голем тест, и дека повеќе од 20 илјади луѓе досега се евакуирани од настраданите подрачја, но илјадници останале отсечени.

Во Гватемала, претседателот Алваро Колом прогласи вонредна состојба, а на истиот чекор се одлучија и властите во Хондурас.

Автор: БГ/СН/ап

Редактор: Жана Ацеска