1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поројните врнежи- закана за стотици илјади Јапонци

Најмалку две лица ги загубија животите во невремето проследено со поројни врнежи во северна Јапонија. Според податоците на властите уште неколку лица се водат како исчезнати.

default

Регионот на атомската централа Фукушима 1 не е погоден од невремето

Четири месеци по разурнувачките земјотрес и цунами и атомската катастрофа јапонската префектура Фукушима повторно е погодена од природна несреќа.

Стотици илјади жители на оваа и на префектурата Нигата поради безбедносни причини се повикани да ги напуштат своите домови, со оглед дека во регионот беснее невреме кое предизвика поплави и одрони на земјиштето на голем број места.

Покрај тоа од поплавите беше уништен и еден мост за железнички сообраќај. Среќна околност е што регионот на разурнатата атомска централа Фукушима 1 не е погоден од невремето. Метеоролозите предвидуваат натамошни поројни врнежи.

Автор: СН/ дв

Редактор: Александра Трајковска