1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Пораст на десничарското насилство во Германија

Германските власти денеска соопштија дека во текот на минатата година бил забележан пораст на десно-радикалното насилство во земјата, најчесто одбележан преку зголемен број на напади врз странци и анти-семитски акти.

Министерот за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих денеска најави дека ќе се зголеми полицискиот притисок врз десно-радикалните групи „со цел сите луѓе, независно од нивното потекло, да се чувствуваат безбедно во Германија“.

Од неговото министерство соопштија дека бројот на политичките мотивирани насилства извршени од радикалната десница пораснала за 4,4 проценти, од 16.873 во 2011. година на 17.616 во 2012. година. Од нив, 842 биле случаи на насилен криминал. Ненасилниот криминал вклучува вандализам и ширење на неонацистичка пропаганда.

Министерството соопшти дека бројот на злосторства од омраза насочени кон странци се зголемил за 16,5 проценти на вкупно 2.922. Бројот на анти-семитски кривични дела пораснал за 10 проценти на 1.374 евидентирани случаи.

Од друга страна, евидентирано е драматично намалување на бројот на кривични дела сторени од левичарски екстремни групи. Нивниот број во 2012 година паднал за 29 проценти, од 1.809 во 2011. на 1.291 во минатата година.