1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пораст на германското стопанство

Ниту најголемите оптимисти не можеa да го предвидат ова: германското стопанство со неочекуван пораст во првиот квартал од годинава:

Секако не може да се зборува за сензација, но за позитивно изненадување во секој случај: германското стопанство, благодарение пред се на силниот пораст на извозот од почетокот на годинава е двојно посилно од очекуваното. Во првиот квартал бруто-националниот производ порасна за 1 насто во однос на истиот квартал лани, соопшти Сојузниот завод за статистика. Статистичарите велат:„Економскиот пораст во првиот квартал на оваа, во споредба со ланскиот, доминантно го носи извозот„. Додека извозот расте, увозот е намален. Вкупната домашна побарувачка назадува. Инаку, експертите сметаа на пораст од само 0,5, а и најоптимистичките прогнози сметаа на пораст од 0,7 насто.