1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пораст на германскиот аграрен извоз

Познато е дека на германските земјоделци не им оди добро. Хиперпродукцијата и дампинг цените се постајано актуелни, се повеќе фирми се ставаат под клуч. Од друга страна парадокс: првпат по три години порасна добивката поврзано со порастот на извозот на земјоделски производи. Во минатата година од него се заработени 34 милијради евра. По САД, Франција и Холандија, Германија е четвртиот најголем аграраен изво

зник:

Пилешкото месо е нивниот бизнис. Фирмата на браќата Штоле испорачува 450 илјади пилиња дневно и прави промет од 450 милиони евра годишно. Најголемиот дел од пилешкото месо доаѓа од погоните во Долна Саксонија, Мекленбург-Предпомеранија и Хесен како свежо или замрзнато директно на регалите во германските супер-маркети. Десет насто се извезува, вели шефот на маркетингот Алберт Фоке:

“Извезуваме на Блискиот исток, во Дубаи и Оман, значи во целиот арапски свет каде што многу се јаде пилешко“.

Фирмата почна да извезува во почетокот на деведесттите години:

“Започнавме пред десетина години со мали количества. Најнапред по еден контејнер неделно, денес два до три дневно“.

Во странство се бара германското месо. Меѓутоа, во меѓувреме и млечните производи, пред се сирењето станаа извозни артикли. Во минатата година германската аграрна и прехранбена индустрија извезоа како никогаш порано. Со извоз во вредност од 34 милијради евра, порастот изнесуваше 6,4 насто. Мејд ин Џермани се бара во светот, вели Мартина Маи од друштвото за маркетинг на германскиот аграр, задолжена за извозот:

“Тоа е поврзано со вкупниот имиџ што пак е поврзано со многу високиот квалитет, со контрола и безбедност, што значи дека на Германија и се верува и тоа треба да се искористи“.

Увозниците се главно старите партнери од ЕУ, пред се Холандија, Италија и Франција кои учествуваат со 75 насто насто во вкупниот германски извоз. Порасна извозот и во новите членки на ЕУ за 12 насто. Интересни пазари, освен САД се и Русија, Кина и Блискиот исток, кои пред се бараат млечни производи. Тоа пред се се однесува на сирењето кое се бара како суровина за фаст-фуд индустријата и неговата цена е на рекордно високо ниво. Во декември тон моцарела чинеше околу 3 илјади долари, а пред две години околу илјада и 900. Исто така се бараат едамер, гауда и фета сирења зашто Холандија, Италија и Грција не можат да го покријат целиот пазар. Русија, освен сирење бара и сурово месо, што важи и за Романија и Украина.