1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Порастот - надминат модел?

Последиците од глобалната финансиска криза и од промената на климата исто така го нагласуваат прашањето дали е порастот воопшто рецепт за успех за во иднина? Какви се ставовите на експерти од различни области?

default

Со години се зборува за експлозивен пораст на светското население, иако фактички повеќе може да стане збор за експлозивна стопанска експанзија и умерен пораст на наслението, вели Јоахим Шпангенберг, заменик директор на Европскиот институт за одржлив развој. „Бараме економска експлозија затоа што инсистираме на извонредно зголемен пораст“.

Тоа значи дека секоја година е се’ повисок износот на вкупните економски постигнувања. Но, од аспект на заштитата на климата и на природната околина не ни е потребен поголем пораст, туку повеќе разум...„ со кој ќе мораме да изнајдеме решенија за задржување на квалитетот на животот, а со значително помало трошење на ресурси и енергија“.

Nationale Maritime Konferenz - Containerschiffe

Со други зборови, нужни ни се технички иновации за поголема ефективност. Но,...„ технологијата сама по себе нема да не’ усреќи со еколошки пораст, туку мора да се надоврзе и промена на однесувањето“, нагласува Нилс аус дем Море од Рајнско-вестфалскиот институт за стопански истражувања и аргументира: „Ако имаме автомобили со поефективни мотори, ќе опаѓаат трошоците за поминат километар. Но, нема ли тогаш да возиме повеќе? Колку од технолошки можните заштеди ќе бидат веднаш потрошени?“

Според една студија на институтот во кој работи тој, 57 до 67 проценти од порастот на ефективноста ќе бидат анулирани со зголемена потрошувачка.

Порастот не ја намалува атвоматски сиромаштијата

Не само приватните лица, туку и претпријатијата мораат да го променат однесувањето. Тука и политиката може да влијае. Рајнско-вестфалскиот институт и’ препорачува на германската влада да го подржи предлогот на Данска за воведување данок на јаглерод за стопанските сектори кои не подлежат на системот на трговија со права на емисии на јаглероден диоксид. „Со тоа ќе се овозможи посилно насочување на однесувањето преку пазарните цени“, образложува Нилс аус дем Мооре.

Wachstum Deutsch

Тоа не ги решава сите проблеми, но би бил некаков конкретен почеток. Парите добиени од тој данок би можеле да бидат вложени во развојна помош, смета Карин Кортман, која порано беше државен секретар за развојна помош. Таа и’ забележува на канцеларот Ангела Меркел дека не се придржува кон ветувањето за издвојување за развојна помош 0,7 проценти од домашниот бруто производ, но проблеми гледа и на другата страна: „Кај земјите-партнери не чувствуваме некакво поголемо интересирање кога станува збор за одржливо стопанисување“:

Нели им е неопходен стопански пораст на земјите во развој за да го извлечат населението од сиромаштија? Не безсусловно, вели Јоахим Шпангерберг од Институтот за одржлив развој. „Порастот не ја намалува автоматски сиромаштијата. Има редица земји кај кои и покрај високите стапки на стопански пораст, растат и социјалните разлики и сиромаштијата“.

Но, тоа е повеќе проблем на прераспределбата, отколку на порастот.

Автор: Данхонг Жанг/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска