1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пораснал бројот на баратели на азил во Германија

Во Германија, според медиумски извештаи, во изминатата година азил побарале значително повеќе луѓе отколку во претходните години. Значаен удел во порастот имале илјадници српски Роми.

default

Зголемен број на баратели на азил во Германија

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ јавува дека речиси 46 илјади луѓе побарале азил во Германија во 2011-та година. Тоа е околу 11 проценти повеќе одколку во 2010-та и највисока вредност во последните осум години.

Барателите на заштита во Германија доаѓале пред се од муслиманските земји, како Авганистан, Ирак или Сирија. Особено голем бил порастот на баратели на азил од Пакистан.

Deutschland Ausländerbehörde Hamburg Flash-Galerie

Значаен удел во порастот на барателите на азил имаат Ромите од Србија

Значаен удел во порастот имале илјадници српски Роми, кои преку барањето азил сакаат да останат во Германија. Министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих за весникот изјави дека многу баратели на азил од Србија очигледно не може да се сметаат за прогонувани бегалци. Нивните барања затоа по брза постапка се одбиваат.

Според „Зидојче цајтунг“, голем број бегалци доаѓаат преку турската граница во Грција и потоа заминуваат кон Германија, каде поднесуваат барање за азил.

Автор: СН/ АМ/ дпа/ дапд

Редактор: Александра Трајковска