1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поранешни диктатори осудени поради крадење на бебиња

Судот во Буенес Аирес осуди двајца диктатори и повеќемина високи по ранг офицери поради киднапирање на околу 500 бебиња за време на воената дикататура во 80-тите.

Во процесот за кражба на деца за време на воената диктатура во Аргентина вчера беа осудени двајца поранешни диктатори на долгогодишни казни затвор. Судот во Буенос Аирес го осуди 86 годишниот Видела на 50 години затвор и 84 годишниот Бињоне на затворска казна од 15 години. Уште четворица други високи по ранг офицери добија затворски казни меѓу четири и 40 години.

Осудените се обвинети дека за време на воената диктатура меѓу 1976 и 1983 година ги давала на посвојување бебињата на политичките неистомисленици. Се проценува дека 500 новороденчиња и мали деца на жени киднапирани од војската оти биле критичари на режимот, илегално и под лажни имиња биле давани во семејства блиски на режимот. Според сеќавањата на преживеаните, жените ги раѓале децата врзани и со превез на очите. Само малкумина имале можност да го видат своетот дете. Најчесто децата биле давани на војници, додека мајките биле убивани кратко по породувањето. Многумина од нив војската живи ги фрлала во море. Според активистите за човекови права за време на диктатурата „исчезнале“ околу 30.000 луѓе.

Двајцата поранешни диктатори веќе одлежуваат доживотна казна затвор поради повреда на човековите права.