1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Поранешниот главен град повторно се пронаоѓа

Конференцијата за Авганистан, на ридот Петерсберг кај Бон, се погрижи за тоа - поранешниот главен град на Германија повторно да биде присутен ширум светот. Градот одамна се созема по преселбата на владата.

default

Градското собрание во Бон

Главен граду, збогум! Бон беше седиште на владата речиси пет децении (1949-1999). Откако владата се пресели во Берлин, Бон беше деградиран од главен во „сојузен град“. Оној што ќе помисли дека во Бон веќе ништо не се случува, ќе се зачуди. Имено, Бон имаше успешен структурен пресврт. Како замена за министерствата, во градот се етаблираа над 150 организации и институции. Од 1996 година Бон е град на Обединетите нации и седиште на повеќе институции на организацијата. Значи, интернационализмот има значајна улога во „малиот“ град на Рајна.

Luftaufnahme Luftfoto vom Petersberg bei Bonn

Хотелот Петерсберг крај Бон

До денес се сочувани знаменитости од политичкото минато. Поранешната пленарна сала во Бундестагот е проектирана од архитектот Гинтер Бениш, и е во употреба од 1992 год. Во денешно време, отворена e за заинтересираните посетители и за одржување на разни конгреси. Во истиот историски дух, се претставува и старата хидроцентрала „Васерверк“, која пратениците ја користеле како сала за седници од 1989-1992.

2000 години историја на градот

„Castra Bonnensia“, стар римски логор, е почетокот на историјата на градот. Од 13 до крајот на 18 век, Бон бил дел од територијата на кнезовите кои имале право да го избираат кралот и надбискупите од Келн. Наследството од овој

Beethovenhaus Bonn

Куќата на Бетовен во центарот на градот

раскошен период се` уште може да се види насекаде низ Бон. Во портретот на градот исто така припаѓаат и градби во барокен стил, какви што се главната зграда на Универзитетот и дворецот во Попелсдорф, но и граѓанските куќи и вили од периодот на основањето и оние во младешки стил.

Се разбира, во родниот град на Лудвиг ван Бетовен не смеат да се запостават уметностите. Нив ги нуди Бетовен фестивалот, кој се одржува секоја година но, на пример, и бројните музеи во градот. Во Бон има над 30 музеи,

Villa Bonn

Една од убавите вили покрај Рајна

меѓу нив и новата „Куќа на историјата“ на Сојузна Република Германија со збирка историски сведоштва и предмети од секојдневието од минатите пет децении.

Мирно на Рајна

Местоположбата покрај Рајна влијае врз животот на 300 000 жители на градот Бон. Жителите на Рајнската област сакаат кога е мирно и идилично. Товарните бродови кои полека ги носи струјата, со седумте зелени ридови на планинската верига „Зибенгебирге“ во позадината, на луѓето им создаваат соодветна глетка, панорама за која Александер фон Хумболт со воодушевување велеше дека е „осмото светско чудо“.