1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пораките на Бан се охрабрувачки, ќе имаат ли ефекти?

Кога политичар од рангот на Бан Ки Мун е во посета на Македонија самото негово присуство има политичка тежина. Позитивни реакции за поддршката од Бан во спорот за името

Генералниот секретар на светската организација лично ќе се заложи за решавање на еден од најтешките проблеми со кои се соочува Македонија во поновата историја. Бан Ки Мун изрази подготвеност да помогне за надминување во спорот за името. Најави дека за проблемот лично ќе разговара со грчкиот премиер Андонис Самарас.

Бан Ки Мун: Ќе го испратам Нимиц во Грција

“Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата, ќе го испратам својот специјален претставник Метју Нимиц во Грција, за да објасни што разговаравме овде. Јас лично ќе се обидам да го исконтактирам премиерот Самарас за да помогнам во забрзувањето на тој процес. Жално е што две соседни земји не успеаја целосно да ги искористат своите потенцијали за регионална соработка, помирување и развој. ОН ќе сторат се’ што е во нивна моќ да го олеснат тој процес. Се работи за долготраен проблем. Свесни за пресудата на Меѓународниот суд на правдата, ќе ги земеме предвид сите аспекти“, рече Бан Ки Мун на прес-конференцијата во Охрид.

Поддршката ја повтори и пред државниот и црковниот врв во обраќањето во Парламентот.

“Вие имате цел да се приклучуте во ЕУ и НАТО и знам дека имате и пречка во оваа ваша цел. Императив е да се разреши прашањето на името. Јас сум

Mazedonien Nimetz Ivanov Poposki in Ohrid 2012

Ѓорге Иванов, Метју Нимиц и Никола Попоски во Охрид

посветен да помогнам, да олеснам во решавањето на ова прашање. Може да сметате на ОН и во исто време ќе охрабрам премиерот, претседателот на државата, претседателот на Собранието да бидат обединети и посветени на негово решавање.

Реакции на пораките на Бан Ки Мун

Првичните реакции на пораките на Бан Ки Мун се позитвни. Политичарите и аналитичарите кои ги анкетираше Дојче Веле се задоволни од она што го слушнаа но не се уверени дека заложбите на генералниот секретар ќе имааат ефекти. Пратеникот од опозицските редови, Сафет Бишевац вели:

“Се плашам дека Бан Ки Мун во Скопје и Охрид го кажува она што домаќините сакаат да го слушнат. Се разбира дека спорот со Грција е тежок, неправеден и наметнат проблем за Македонија но исто така е факт дека оние кои одлучуваат на меѓународен план, кои ја креираат светската политика сметат дека проблемот мора да се реши со компромис на двете страни. Се плашам дека Бан Ки Мун нема доволно силни инструменти и доволно силни аргументи да влијае битно врз носење на решение, сепак таа работа мора да ја завршат Македонија и Грција“, вели Бишевац.

Потпретседателката на парламентот, Светлана Јакимовска е оптимист.

“Верувам дека заложбите на Бан Ки Мун се во насока за побрзо изнаоѓање

Nikola Gruevski und Ban Ki Moon

Никола Груевски и Бан Ки Мун

решение прифатливо за двете земји. Позициите на Макеоднија се она што ќе биде прифатливо за граѓаните и за државата да биде прифатено од нас политичарите. Сепак не отстапуваме од ставот дека конечниот збор ќе го кажат граѓаните на референдум. Убедена сум дека заложбите на генералниот секретар и на специјалниот пратеник за името ќе вродат со плод во скоро време на задоволство на сите нас“, изјави за Дојче Веле Светлана Јакимовска, ВМРО ДМПНЕ.

Новинарката Слободанка Јовановска, поранешен дописник за македонските медуими од Брисел и Вашингтон смета дека пораките на Бан Ки Мун се силна порака за Атина.

“Очекував дека Бан Ки Мун како претставник на организација која се бори за човекови права, ќе мора на некој начин да застане во одбрана на тие права. Јасно е дека со пораките генералниот секретар сакал да даде охрабрување на преговорите за името и на некој начин да не поддржи за она што нам ни е свето. Сметам дека ова е силна порака за Грција и големо охрабрување за Македонија иако лично не верувам дека ова може да го забрза процесот на изнаоѓање решение на името, бидејќи сите први луѓе на меѓународните политики не се носители на политиката туку извршители и ова охрабрување би го ставила во контекст на емоции а не на иницијативи или политики. Сепак е големо и значајно охрабрување бидејќи е потврда дека сме во право во некои аспекти на политиката што ја застапуваме“, објаснува Јовановска.

Бан Ки-мун за време на престојот во Макеоднија е придружуван од посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за разликите околу името Метју Нимиц.

По посетата на Македонија Бан Ки-мун попладне заминува за Босна и Херцеговина, којашто е последна етапа од неговата балканска турнеја во која беа опфатени сите држави од поранешна Југославија. Нимиц патува во Грција на средба со тамошните власти.