1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Порака од самитот на ЕУ: местото на Западен Балкан е во ЕУ

На самитот на ЕУ беа усвоени и заклучоци за приближување кон Унијата на државите од Западен Балкан. "Во одредени случаи чекорот на реформскиот процес останува бавен. Затоа Европскиот совет ги повикува земјите од регионот да ги интензивираат реформските напори, особено во областите кои се суштински за европската интеграција, како јавната амдинистрација, судскиот систем и борбата притв организирануиот криминал и корупцијата. Советот очекува сите земји од регионот и засегнатите страни во потполност да соработуваат со Хашкиот трибунал", се вели во заклучоците на самитот на ЕУ. "Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, а брзината на движењето напред е во рацете на земјите од регионот", заклучија шефовите на држави и влади. Советот, како што пренесува агенцијата МИА, констатира дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација со македонија и со Хрватска се наоѓа во фаза на ратификација. "Хрватската апликација за членство во ЕУ во моментов се испитува од Европската комисија, а мислењето се очекува таа да го даде на пролет наредната година".

Унијата искажа уверување дека преговорите за пристап со Романија и Бугарија ќе бидат завршени до крајот на наредната година, потпишувањето на договорот за пристапување да се реализира во 2005-та, а за прв пат е наведен и конкретен термин за членство во ЕУ - јануари 2007-ма година.

Турција е охрабрена да продолжи на патот на реформи.