1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Порака на Ердоан до армијата во Турција

*

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан денеска ја повика армијата да стои настрана од политиката, јавуваат турските медиуми. Изјавата на Ердоан доаѓа по вчерашниот прв круг од гласањето во парламентот за избор на нов претседател, на кој кандидатот на неговата партија Абдулах Ѓул не го доби потребното мнозинство од 367 гласови. Турската армија, која со воени удари урна 4 влади во Анкара во последните 50 години, се спротивстви на кандидатурата на Ѓул поради неговото исламистичко минато. Армијата во Турција се смета за гарант на секуларниот карактер на земјата.