1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Пораката на Трибуналот е јасна“

Официјален Брисел не сака да ја коментира пресудата на Хашкиот трибунал за поранешните лидери на т.н. „Херцег Босна“. Европските официјални лица нагласуваат дека одлуката на независниот суд мора да се почитува.

По повод пресудата со која политичките и воени лидери на т.н. „Херцег Босна“ се осудени пред Трибуналот во Хаг на вкупно 111 години затвор поради злосторство сторено над муслиманското население, во склоп на здружен злосторнички потфат, од Брисел главно стигнуваат зборови со кои се повикува на помирување и напредок во процесот на евроинтеграција на регионот. Како и во поранешни случаи, европските официјални лица ниту овојпат не сакаа да ја коментираат пресудата на Хашкиот трибунал ниту да шпекулираат за можното влијание на таа пресуда врз односите во регионот.

EU Europaparlament Libor Roucek Tschechien

Либор Роучек

„Мораме да гледаме во иднината, а не во минатото“, вели за ДВ известувачот на Европскиот парламент за Хрватска Либор Роучек, по повод пресудата која утврди дека Република Хрватска учествувала во воениот судир во Босна и Херцеговина во текот на 90-тите години. „Минатото е болно за сите - и за Хрватите и за Бошњаците и за Србите. Сега е време за иднината. Бидејќи Хрватска влегува во ЕУ, сега е време да бараме начин да им помогнеме на Босанците и на Србите“.

Jelko Kacin

Јелко Кацин

Иако е согласен со оценките дека пресудите на Меѓународниот суд не би требало да се коментираат, известувачот за Србија во Европскиот парламент Јелко Кацин, сепак, е поконкретен во одговорот од неговиот колега Роучек. Кацин за ДВ вели дека прво би требало да се почека пресудите за шестемина поранешни лидери на т.н. „Херцег Босна“ да станат правосилни, но и додава: „Пораката е многу јасна: се работеше за етничко чистење и тоа беше злосторнички потфат. Во тоа нема сомнеж и тоа никој ниту на второстепена постапка веќе не може да го запре“.

Дачиќ: Нова политика за ново доба на Балканот

За разлика од европските политичари, кои во прв план го ставаат „почитувањето на одлуката на независниот суд“, лидерите во регионот се покритички настроени во однос на досегашната работа на Трибуналот во Хаг.

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ, кој за време на изрекувањето на пресудата на поранешните лидери на т.н. „Херцег Босна“ беше во работна посета на Брисел, вели дека Србија не е „премногу задоволна“ со одлуките на Хашкиот трибунал, во кои според неговите зборови има доста политичко влијание, а не раководење на правдата. Самата пресуда премиерот на Србија не сакаше да ја коментира, бидејќи на тој начин, според неговите зборови, се отвораат политички прашања меѓу државите на поранешна Југославија.

„Ние не сме против тоа на оние кои сториле воени злосторства да им се суди и пресудува. Мислам дека на сето тоа треба да се стави точка и да се свртиме кон градење на нови односи. Потребна ни е нова политика за ново доба кое е пред нас. Во спротивно, Балканот засекогаш ќе остане зона на судири во која вештачки некои сакаат да не‘ турнат“, заклучи премиерот на Србија.